Студентите во Македонија

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
порано размислував исто вака. имаме премногу факултети да тоа она што ог уништува високото бразование. грешно сум мислел ама грешно мислиш и ти.Не е проблем тоа што сите се запишуваат на факултет.Нее проблем тоа што сите скоро завруваат.Знаеш дека кога ке завршиш факултет дипломата ке ти биди самопарче хартија а не твоја карта кон подобар живот? Знаеш шо ке биди твојата карта за подобар живот? Знаењето што ке го стекниш.За диплома никој работодавец нема да праша.ке гледа што знајш..
Друго. Факт е дека студентската организација на УКИМ е катастрофа. Јавна тајна е дека претседателот на СПУКИМ е избран не од студентит туку од партија.Јасно е ептен дека студентите не избираат Сп и затоа СП не се грижи за нив.Ама то можид асе промени.Само преку членувања во СП на факултети и изборување за своите права ..
Да јас сум активен член на СП ФЕИТ
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo and Sebastian

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
настрана од темава: јас сум си ја згрешил професијата наместо на електро требало да си одам политички науки ..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sebastian

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
настрана од темава: јас сум си ја згрешил професијата наместо на електро требало да си одам политички науки ..
Седи бе сеа, не биди и ти таков. Сите ми се откажувате од електро :D
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Седи бе сеа, не биди и ти таков. Сите ми се откажувате од електро :D
не бе какво откажување ... не сум јас од тие.. И да ми требаат 7-8 години ке го завршам електро па шо сака нека биди ..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
настрана од темава: јас сум си ја згрешил професијата наместо на електро требало да си одам политички науки ..
Многу интересно размислување...само што политички науки никој не ти цени кај нас...
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
не бе какво откажување ... не сум јас од тие.. И да ми требаат 7-8 години ке го завршам електро па шо сака нека биди ..
Да не ти изградат споменик пред факултет само :rofl

Ај коа веќе коментирам да бидам барем он:

Делумно се слагам со авторот на темава. Премногу факултети, премногу студенти, премногу грешно избрани студии. Резултат на сето тоа? Нема резултат. Јас ќе зборам за мојот факултет зашто за таму само можам да зборам.
Кај нас на факултет има претежно студенти кои од дома ги пратиле таму зашто сестра/брат завршиле електро, зашто мислат дека со бубање ќе биде нешто од нив или зашто немале што да прават па ај ќе денгубам на факултетот, ќе идам на предавања и зашто не ме интересираат ќе си правам муабет (битно присутни се иако редовноста не носи никакви бенефиции). И сеа ти што си се трудел да простудираш убаво нешто, си седел дома да научиш, си барал материјали по интернет (странска литература претежно) и си се трудел да разбереш што учиш ти даваат сајнс фикшн проблем (приемен за во НАСА) кој што ако не си бубал на памет или не си го презапишал предметот (како би имал доволно време да простудираш се`) нема шанси да извадиш 6-ка, а не 10-че. И си викаш „Што и да е не учам напамет, ќе седнам и ќе научам“. Но на крај гледаш дека пола колеги извадиле солидни поени, а ти си одвај со една шестка или си паднал. Идат лабораториски и си мислиш „Шо ќе правам...не сум баш најспремен“ ама гледаш дека вежбите се она што си го учел да го разбереш подобро. И се` е супер у лабораторија се` додека не премириса некој цркнат кондензатор (кој што колешката која има 10-ка грешно го сврзала), не почнат да пукаат засилувачи, не почнат да цркнуваат унимери зашто колегите кои се фалеа со поените мереле струја паралелно на потрошувач или сл... се` додека колешката која е редовна на консултации и не смее никој да ја праша ништо не го побрка цел осцилоскоп зашто не ставила маса... Има уште мал милион примери, но не е тоа поентата. Поентата е што утре ќе треба да се соочи со ист таков проблем и нема да знае основна работа а има диплома инженер. Имав еднаш прилика да правам муабет со електраш кој завршил пред 10 години и сеа работи у ТЕЦ Неготино и пола саат се мачеше да ми каже дека имало ПЛЦ таму. На крај дознав дека бил у раководство на партија (небитно која) и ми стана јасно зошто не знаел.
Поентата е дека не излегува квалитетен кадар така. Не може бе некој што има 10-ка да се фали со тоа како препишал, набубал и сл. и после 2 недели врска нема што учел па кога на предавања ќе прашаат нешто одговара некој кој паднал на прв колоквиум затоа што се исполнил бројот на тие што може да положат. Не се оди напред така, така се тапка у место. И што ако имаат 10 просек, кога наместо кондензатор ставаат диода?
Професорите пак? Што да ти расправам. Ставаат два испити во исто време (ист ден, ист час) и им велиш да преместат еден и ти одговараат „Па колега не може тоа така, одбери што ќе полагаш“. Алоооо јас да одберам што ќе полагам? Сакам двата да ги полагам, ама што да правам кога квантнава физика вели дека не можам да бидам на две места у исто време. Да се жалам некаде? После треба да се збогувам од помислата дека ќе положам предмет некогаш.
Асистент прави грешка и му укажуваш на тоа...ја поправа и на крај добиваш презапишан предмет затоа што си го навредил. Каде да се жалам? Ќе ме снајде истото од погоре. Одиш на испит и ти даваат задачи со грешки кои треба да се правиш дека не се грешки. Ги поправаш и на крај ти велат дека не требало така да работи програмата што си ја напишал.
И на крај СП? Партии. Како да се замешам у нешто што е партиско? И Слободен Индекс се декларираат како непартиска организација, но повеќе од јасно е кој и зошто стои позади нив.

И не е убаво бе секој да оди на факултет. Се оди ако стварно сакаш да студираш нешто т.е. убаво да го проучиш и да си способен да бидиш дел од напредокот, а не да одиш на факултет и да гледаш начин како да се измолкнеш со препишување/бубање и после поим да немаш што си студирал.
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Ако одиш на факултет треба да учиш, т.е да студираш.Под студирање јас подразбирам одредена тематика пример филозофија да ја простудираш, значи освен што треба да знаеш со што се занимава таа филозофија и детално да ја проучиш како и сите нејзини гранки.
Факт е дека е модерно да си денеска на факултет.
Е ради таквите нестуденти, паразити, тие студенти што навистина се трудат не можат да успеат.
И да успеат, пак некој дикле што не се појавувал на факултет ќе им биде шеф.
Системот е таков секој има право на виско образование
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Сам да се информирам за да влезам во претставничко тело е малце нелогично испаѓа дека одам таму од сопствен интерес.Воопшто не ја навредувам твојата интелегенција ама мислма дека добор нагласив дека колумнава е анализа а не решение на пробелот.Мислма дека убаво е што почнавме со дискусија.Не можам детално да навлегувам затоа што би бил неточен ама ќе се обидам.Па ете нема има граница....со колкав просек од матурантите може да се запишат на факултет.Нека има граница со колкав просек(нека е над 8.5 ќе кажам повторно дека карикирам) за запишување на магистерски студии истото нека важи за трет циклус односно докторски студии.Така енормно ќе се намали бројот на студенти и ќе оснатат само оние кои сакаат да студираат и сериозно си ја сфаќаат работата.Ама тука пак доаѓа до проблем што ќе има премногу што немаат да имаат можност за запишувања на факултет(поради просекот нели) и за кои државата треба да си смисли нешто друго.Исто така нека го остварат делот од проектираните промени на законот за високо образование во однос на тоа дека: демонстратор тогаш би можел да биде само оној кој има магистрирано, асистент оној кој има докторирано доносто се има стекнато со титула Доцент а професор да биде само оној кој има титула проф.д-р. призната од македонската академија за науки и уметности а не купени украински и бугарсмки докторати.Така би имало поголем успех и енормно поквалитетен кадар од досегашниот.Што се однесува до студенските организации да прекинат да се водат од сопствени интереси внатре во организациите да почнат со активности како организација на смеинари (за кој треба да си побараат финансиска подршка од МОН) и во кој ќе се разгледаат подетално сите недостатоци и проблеми на студентите и слично.
Пак ќе кажам сама по себе една индивидуа неможе ова да го оствари а и засега останува да биде sci-fi toa e.
Срце ич не ме навредуваш уживкај си .....
Зошто просекот од средно да биде предуслов за запишување на фах ?
Ова со титулите е така и јас еве од тебе дознавам дека има проф со купени докторанти на државниот узниверзитет ај да ги оставиме на страна приватните тие се више др тема и стујдентите ги бираат тие што се во студенските организација и имаат активности и семинари со финанска подршка од МОН и ако не се лажам со секоја запошана год секој студент плаќа на сојузот... И точно дека неможе една индивудуа да смени ама и за тоа те прашав кажи го твојот став кон сето ова а ти ми вртиш колумната е за ова за она а ти самиот не си ги знаеш правата што ги имаш како студент ...
Ако сакаат студентите да сменат нешто верувај го можат тоа ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sebastian and melpomena

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
порано размислував исто вака. имаме премногу факултети да тоа она што ог уништува високото бразование. грешно сум мислел ама грешно мислиш и ти.Не е проблем тоа што сите се запишуваат на факултет.Нее проблем тоа што сите скоро завруваат.Знаеш дека кога ке завршиш факултет дипломата ке ти биди самопарче хартија а не твоја карта кон подобар живот? Знаеш шо ке биди твојата карта за подобар живот? Знаењето што ке го стекниш.За диплома никој работодавец нема да праша.ке гледа што знајш..
Друго. Факт е дека студентската организација на УКИМ е катастрофа. Јавна тајна е дека претседателот на СПУКИМ е избран не од студентит туку од партија.Јасно е ептен дека студентите не избираат Сп и затоа СП не се грижи за нив.Ама то можид асе промени.Само преку членувања во СП на факултети и изборување за своите права ..
Да јас сум активен член на СП ФЕИТ
што се жалиш за сексот ете сте дозволиле од партијата да ве е*ат :zelen