За да започне билокаква комуникација со родител дете, треба уште од старт да се научи детето дека всушност живее во општество и е зависно од него. Џабе му објаснуваш на тинејџер за разноразни теми кога тој уште од својот почеток бил испуштен од раце. Најголемата грешка е што се` се дозволува на детето. Несвесноста дека првите 14 години се круцијални за да ги поприми најосновните особини е она што се почесто се избегнува како одговорност.
Теоретички си во право.
Ама животната пракса е сосем поинаку.
Јас за сите парови што знам, престануваат да користат заштита по неколку месеци. Мислам, ако веќе се стекне доверба, партнерите престануваат да ја користат. А и да бидеме реални, прескапо е. Едно пакетче Дурекс од 3 кондоми е 150 денари. А 3 кондоми можеш во 1 ден да ги употребиш. Не дека е оправдување, ама искрено кој од нас барем еднаш немал ризичен секс? Зборувам за секс со партнер што го знаеш, не зборувам за секс со странец.
Ти дете можеш да го воспиташ најправилно, да го направиш човек и пол, да знае за животот многу работи.
И доаѓа време полово да созрее, да има секс и еве по некоја факд ап среќа се случува несакана бременост.
Ти колку и да си разумен, колку и да си рационален, кога ќе се соочиш со таков проблем ја губиш свеста. Кога ќе ти се вжеште главата, кога ќе те обвземе паника и страв, се заминува по вода.
Плус, кога на почеток имаш поддршка од партнерот и донесуваш одлука да задржеш дете, со план да го изгледаш заеднички, а потоа заради некои ретардирани причини тој ти вика дека веќе не сака така верувам дека цел свет ќе ти се заврти за 180 степени. Не сакам ни да замислам колку мора да е тоа тешко.
Така да тоа како ја воспитале нејзините е настрана во случајов. Ќе си тргнам од мене колку поинаков човек сум била кога сум била во огромна паника за некои работи. И сите размислуваме на еден начин кога е во прашање друг човек, а различно кога сме самите ние. И едно е ладна, друго е вжештена глава.
Но, таа нашла најпогрешен начин да го искаже гневот.
А верувај, на девојкава и треба боксерска вреќа за да го изнесе. Само не го направила на вистинското место. Само се надевам дека ќе и се среди животот.