Абе на девојчето сигурно му е претешко.
Да останеш бремена од човек во кој не си сигурен дека сакаш да ти е доживотен партнер мора да е за никаде.
Денес двајца родители едвај едно дете можат да изгледаат, а не пак самохрана мајка да си.
Ама овде е изреката: Не си ги кажувај проблемите на луѓето. 20% не те ни слушаат, а 80% се радосни што ги имаш.
Што сменила таа со статусов? Само сите ја разбраа. Што, да не засука некој ракави да и помогне? Македонскиот народ си е сериџиски, од сеир и трачарење ништо подалеку нема. Како да не знае кои гниди сме ние.
Верувам дека и доаѓа да пукне како костен, ама на многу погрешен начин си ја истурила нервозата.