СДК денес после толку години да уклучам телевизор и да гледам прва програма.
Ново лого, нова програма, мислам редно беше после толку години да им текне да направат нешто, а не да гледам серии како Тропска горештина (ма да серијава порано ја обожавав).
Си начекав македонски приказни нови, некако не ми е тоа тоа. Гоце и Шенка како маж и жена. Ама ич не ми идат. Дали премногу ја навикнавме да ја гледаме со Ѓорѓи, па сега ми е чудно. Не беше многу лоша приказната си имаше порака, ама ми изгледа ко цело време да се трудат да ги направат ко старите, али не е тоа тоа.
Ама какво просветление добив со една реклама.
Не сум знаела, ама така вика рекламата. Дека платата ми била мала само заради тоа што народов не купува македонски производи, заради тоа што јадеме босански суџук, пиеме во кинески чаши, јадеме грчки тестенини........
Значи само заради тоа ми е мала платата.
Не затоа што експлоатираат газдите, или цените што се покачуваат секој ден, па колку и да ги тегнеш парите не ти стигаат.
Има поента во рекламата не викам не, ама дајте бе луѓе, не е само заради тоа, перење мозок.