Каков е вашиот став околу институцијата Црква?
Која е улогата на црквата,а која според вас треба да биде?
Имате ли доверба во црквите,свештениците?
Јас немам доверба ниту во црквите ниту во свештениците,затоа и ја нареков институција.
Токму и заради тоа ја отварам оваа тема.
Малку пошироко ке се изјаснам во некој следен пост,да не биде во воведот.
Улогата на Црквата е да ги помага и да учи. Да ги прима кај себе и да ги просветлува сите луѓе жедни за духовна храна. Во Црквата е добредојден секој кој сака да живее правилен и квалитетен духовен живот.
Црквата е Храм Божји и е светиња за христијаните како што е џамијата, синагогата и другите зданија за верниците со друга верисповест.
Дали сте убедени дека Муслиманите би спореле околку прашањето зошто нивниот оџа вози мерцедес или руча во најскапите ресторани у Центар град? Само ние сме доволно бедни да им ставаме сопки на нашите духовни водители и учители. Доколку на накој му пречи односот на свештенослужителите, нека не се занимава со нив, сепак во Храмот Божји присуствуваат светињите и Светата Троица. Кога идеме во Црква идеме заради нив, а не заради одреден човек. Но, како ќе се причестиме доколку не примиме тело и крв Христова преку Литургијата од самиот свештенослужител? Доколку сте замериле кај некој од поповите определен според вас несоодветен однос не подведувајте ги под едно и останатите свештенослужители. Секој од нив на крајот на краиштата се спасува по своја мерка, која вие можеби и не ја гледате.
Пари се оставаат во кутии специјално предодредени за таа намена. Ставањето пари на икони не само што е погрешно туку е крајно соблазнително за останатите присутни и се коси со Библијата. Кога човек дава милостиња не треба да покажува пред другите дека прави добро дело затоа што јавно се фали. Додека пак кога го прави скришно (пред очите на Бог, и само пред него треба) тогаш му се признава доброто дело затоа што не е направено за фалба, туку за вистинската намена- помагање на Црквата.