Ефектот на ореол всушност е појава кога на основа на една особина која може или да ни се допага или да не ни се допага,донесуваме заклучок за одредена личност.
Претежно го гледаме надворешниот изглед,бојата на гласот,начинот на разговарање,облекување.
Исто така ги користиме и информациите кои сме ги дознале порано за одредена личност.
Сето ова само допринесува да се намали нашата објективност.
Еве и едно видео токму за ефектот ореол.
Не очекувам претеран одзив за дискусија на темава,но самиот форум и случувањата на него ме потикнаа да ја отворам.
Сметам дека овде пребрзо се носат заклучоци кои се водат како конечни.
Тој таканаречен конечен заклучок,не сметам дека треба да се донесе дури тогаш кога ке се дојде до запознавање вон форумот на одредена личност,туку може да се донесе и овде.
Сепак ние сме тие истите личности и овде,некои овде малку послободни а некои дури и по стегнати.
Но потребно е повеке време,и тоа доста повеке време и поголема активност на одреден член.
Тешко дека ке донесеме правилен заклучок за некого чии постови му се претежно по збор два.
Тоа не значи дека доколку некој има долги постови дека можеме побргу да го процениме,но секој збор напишан, секоја наша реакција,кажува по нешто за личноста која стои зад тој пост.
Дали е возможно само со една одредена карактеристика,или само со нечие размислување околу една одредена работа,да можеме да донесеме правилен заклучок за одредена личност?
Дали можеме една одредена личност да ја осудиме како лоша,само заради тоа што не ни се допагаат одредени нејзини ставови кои се спротивставени на нашите и обратно?
Колку вие сте склони да донесете заклучок за одредена личност на овие основи?
Дали ви се случува често да многу подоцна сватите дека токму овој ореол ефект(првичен заклучок) ви претставува доста време погрешен усмерувач за одредена личност?
Би сакала да го дознаам вашето мислење за овој ореол ефект и на форумов и вон форумов.
Темата може не е баш за во психологија заради спојот на форумот во неа,нека се премести на соодветно место.