Ефектот на ореол

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Ефектот на ореол всушност е појава кога на основа на една особина која може или да ни се допага или да не ни се допага,донесуваме заклучок за одредена личност.

Претежно го гледаме надворешниот изглед,бојата на гласот,начинот на разговарање,облекување.
Исто така ги користиме и информациите кои сме ги дознале порано за одредена личност.
Сето ова само допринесува да се намали нашата објективност.

Еве и едно видео токму за ефектот ореол.

Не очекувам претеран одзив за дискусија на темава,но самиот форум и случувањата на него ме потикнаа да ја отворам.
Сметам дека овде пребрзо се носат заклучоци кои се водат како конечни.

Тој таканаречен конечен заклучок,не сметам дека треба да се донесе дури тогаш кога ке се дојде до запознавање вон форумот на одредена личност,туку може да се донесе и овде.
Сепак ние сме тие истите личности и овде,некои овде малку послободни а некои дури и по стегнати.
Но потребно е повеке време,и тоа доста повеке време и поголема активност на одреден член.
Тешко дека ке донесеме правилен заклучок за некого чии постови му се претежно по збор два.
Тоа не значи дека доколку некој има долги постови дека можеме побргу да го процениме,но секој збор напишан, секоја наша реакција,кажува по нешто за личноста која стои зад тој пост.

Дали е возможно само со една одредена карактеристика,или само со нечие размислување околу една одредена работа,да можеме да донесеме правилен заклучок за одредена личност?
Дали можеме една одредена личност да ја осудиме како лоша,само заради тоа што не ни се допагаат одредени нејзини ставови кои се спротивставени на нашите и обратно?
Колку вие сте склони да донесете заклучок за одредена личност на овие основи?
Дали ви се случува често да многу подоцна сватите дека токму овој ореол ефект(првичен заклучок) ви претставува доста време погрешен усмерувач за одредена личност?

Би сакала да го дознаам вашето мислење за овој ореол ефект и на форумов и вон форумов.
Темата може не е баш за во психологија заради спојот на форумот во неа,нека се премести на соодветно место.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Интересно. Имам повеќе мислења, се надевам дека јасно ќе ги образложам.

Според видеово, на луѓето важно им е да добијат позитивни вибрации од соговорникот, за да стекнат добар впечаток за него. Тој треба да е самоуверен, но не премногу, до степен на самобендисаност. Треба да знае и да покаже што сака, но не и да ги контролира желбите и потребите на другите.

Станува збор за надворешен изглед и позитивно однесување. Кога човекот е уреден, примерен, смирен, весел, и слично, добиваме силен впечаток дека тој човек е добар, пријателски настроен и најверојатно паметен. Но секако, не мора да значи дека тоа е вистина, само затоа што во одреден момент, тој така ви се претставил на вас.

Доколку не се изучува полето на психологијата, каде што би стекнале техники за препознавање на вистинските карактеристики на луѓето, треба да имаме силна интуиција. Но, има луѓе кои уште во првиот момент на запознавање на друг човек, се целосно отворени, такви се какви што се, немаат потреба да глумат љубезност, едноставно се позитивно настроени.

Мислам дека голема улога играат и заедничките желби и потреби на двајцата соговорници. Добиваме подобар впечаток за одредена личност, ако имаме повеќе сличности, односно ист или сличен вкус.

На едно предавање по естетика, гледавме документарец за луѓе со совршено лице, и покрај други работи, заклучивме дека убавите луѓе (иако убавината е релативна и субјективна) остават подобар впечаток кај соговорниците. Можеби лудо звучи, но можат полесно да стекнат пријатели или пак, да добијат работа. Така да, и убавината како дел од надворешниот изглед, може да залажува за карактерот на човекот.

П.С. Од сега ќе мислам на овој ефект кога ќе зборам со луѓе. :^)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and melpomena

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
П.С. Од сега ќе мислам на овој ефект кога ќе зборам со луѓе. :^)
Дел од замислата ради која ја отворив темава,ке признаам дека ми беше ова.(wasntme)
Дури ни одговорите на прашањава не се толку битни,оти повеке од јасно е,дека повекето ако не и сите ке напишат дека не носат пребрзи заклучоци како конечи.И дека тие заклучоци не ги усмеруваат за понатаму.
Нека носиме заклучоци,тоа неможеме да го исконтролираме до максимум да не е така,но нека биде на почетокот со резерва.
Само во тој случај погрешните осудувања ке се помалку.
Така барем јас мислам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DarkPassenger

Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,916
393
Fukushima
www.gonzo.com
Ефектот на ореол всушност е појава кога на основа на една особина која може или да ни се допага или да не ни се допага,донесуваме заклучок за одредена личност.

Претежно го гледаме надворешниот изглед,бојата на гласот,начинот на разговарање,облекување.
Исто така ги користиме и информациите кои сме ги дознале порано за одредена личност.
Сето ова само допринесува да се намали нашата објективност.

Еве и едно видео токму за ефектот ореол.

Не очекувам претеран одзив за дискусија на темава,но самиот форум и случувањата на него ме потикнаа да ја отворам.
Сметам дека овде пребрзо се носат заклучоци кои се водат како конечни.

Тој таканаречен конечен заклучок,не сметам дека треба да се донесе дури тогаш кога ке се дојде до запознавање вон форумот на одредена личност,туку може да се донесе и овде.
Сепак ние сме тие истите личности и овде,некои овде малку послободни а некои дури и по стегнати.
Но потребно е повеке време,и тоа доста повеке време и поголема активност на одреден член.
Тешко дека ке донесеме правилен заклучок за некого чии постови му се претежно по збор два.
Тоа не значи дека доколку некој има долги постови дека можеме побргу да го процениме,но секој збор напишан, секоја наша реакција,кажува по нешто за личноста која стои зад тој пост.

Дали е возможно само со една одредена карактеристика,или само со нечие размислување околу една одредена работа,да можеме да донесеме правилен заклучок за одредена личност?
Дали можеме една одредена личност да ја осудиме како лоша,само заради тоа што не ни се допагаат одредени нејзини ставови кои се спротивставени на нашите и обратно?
Колку вие сте склони да донесете заклучок за одредена личност на овие основи?
Дали ви се случува често да многу подоцна сватите дека токму овој ореол ефект(првичен заклучок) ви претставува доста време погрешен усмерувач за одредена личност?

Би сакала да го дознаам вашето мислење за овој ореол ефект и на форумов и вон форумов.
Темата може не е баш за во психологија заради спојот на форумот во неа,нека се премести на соодветно место.
Meне ова ореол нормално ме асоцира на ангел, али ме мрзи клипов да го глеам, е сеа ова таконазвано „ореол ефект“ важи ако за некого заклучиме од прва дека е добар (као ангел), а уствари понатака се покажува спротивно или? шо уствари е темава? нешто као први утицај не е најбитен?
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Meне ова ореол нормално ме асоцира на ангел, али ме мрзи клипов да го глеам, е сеа ова таконазвано „ореол ефект“ важи ако за некого заклучиме од прва дека е добар (као ангел), а уствари понатака се покажува спротивно или? шо уствари е темава? нешто као први утицај не е најбитен?
Ако со толкав вовед не објаснив,зарем ке треба уште толку да напишам што е ефект на ореол :D
 

Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,916
393
Fukushima
www.gonzo.com
Ако со толкав вовед не објаснив,зарем ке треба уште толку да напишам што е ефектт на ореол :D
Да :D Па пишеш тамо ефекат ореолов, клип некој и орелски крилја как да си метнах во твојот ум да се вметнам па да видам шо сакаш да кажеш. Али мислим дека мислиш за на форумов. Е шо мислиш ли дека можеш да донесеш конечен и конкретен закључок за одредени форумџии?
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
И мене ми е измешана темава. Колку што разбрав тоа ореол ефектот е кога по првиот контакт некоја личност ни станува драга или антипатична, така? Видеото не го гледав, но насловено е Ало-ефект. Ало ефектот е кога за некоја личност имаш оформено позитивна/негативна слика и секоја нејзина постапка понатака ти е позитивна/негативна безразлика дали таа постапка е исправна или не.
Ало-ефектот е доста присутен на форумов. Имам приметено кога двајца членови се во конфликт, други членови застануваат на страната на тој кон кого имаат позитивен ало-ефект безразлика дали тој е во право или не, или пак некои веднаш го напаѓаат оној кон кого имаат негативен ало-ефект и по автоматизам се на страната на другиот.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Од "темата" не се бара само тоа :)
Но кој како ке си ја сФати така нека си коментира.
Ете пример погоре,некој поинаку ја сФати.
Секако дека не мислам дека можам да имам конкретен заклучок за одредени форумџии ни за одредени луге воопшто во животот.
Поготово не на основа на неколку ситници,размислувања,изглед.....

И мене ми е измешана темава. Колку што разбрав тоа ореолот ефектот е кога по првиот контакт некоја личност ни станува драга или антипатична, така? Видеото не го гледав, но насловено е Ало-ефект. Ало ефектот е кога за некоја личност имаш оформено позитивна/негативна слика и секоја нејзина постапка понатака ти е позитивна/негативна безразлика дали таа постапка е исправна или не.
Ало-ефектот е доста присутен на форумов. Имам приметено кога двајца членови се во конфликт, други членови застануваат на страната на тој кон кого имаат позитивен ало-ефект безразлика дали тој е во право или не, или пак некои веднаш го напаѓаат оној кон кого имаат негативен ало-ефект и по автоматизам се на страната на другиот.
Потполно си ја сватил темата,нагласив дека е измешана,оти сакав да го измешам Ало ефектот и во реалниот живот и конкретно плус на форумов.
 

Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,916
393
Fukushima
www.gonzo.com
И мене ми е измешана темава. Колку што разбрав тоа ореолот ефектот е кога по првиот контакт некоја личност ни станува драга или антипатична, така? Видеото не го гледав, но насловено е Ало-ефект. Ало ефектот е кога за некоја личност имаш оформено позитивна/негативна слика и секоја нејзина постапка понатака ти е позитивна/негативна безразлика дали таа постапка е исправна или не.
Ало-ефектот е доста присутен на форумов. Имам приметено кога двајца членови се во конфликт, други членови застануваат на страната на тој кон кого имаат позитивен ало-ефект безразлика дали тој е во право или не, или пак некои веднаш го напаѓаат оној кон кого имаат негативен ало-ефект и по автоматизам се на страната на другиот.
Тоа веќе преминува во клан-ефект :D
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
епа ете, денес ми се деси ореол-ефект. Бевме со татко ми у Веро да пропазариме некои месишта и татко ми уз пазарењето се размуабети со месаров у вези како сте подома, да не знаеш кај да најдам ова она, и по самиот начин на разговарање што траеше нецели 3 минути човеков ми стана така пријатен, имаше некоја позитивна енергија во него. Го прашав татко ми кој е, испадна да ми бил зет за втора братучедка, а ја појма си немам. :) А може и таков ми бил денот денеска да ми се сите симпатични. :Д