Гледав некои програми за магистратура и ми излезе дека мастер за тоа што барав е 1350 евра за една година овде, што е супер за диплома за која си свесен дека ја купуваш и е чисто ако сакаш да кажеш дека имаш диплома (бар на странци, кај нас тешко дека некој ќе излажеш).
Додуша, видов дека има 6 предмети за таа цела година и не изгледаа лошо, ама мнооогу ме спречува тоа што сите викаат дека ништо не се учи. Работата ми е стварно да научам пошто сакам мастер за нешто што не е баш поврзано со моите додипломски, а УКИМ веќе не сакам да ги видам.