На форумов не му фали скоро ништо.
Си има теми такви какви што членовите си отвараат.
Има кавги,има љубов,има играчница,кафе муабети,музика,хороскопи,вести на денот,колумни,психологија,уметност.....се си има.(за се што ке се створува желба и идеја понатаму,верувам дека и тоа ке го има)
Да имаше потреба доволно силна за нешто друго веке ке го имаше.
Секој има слободно да отвара теми какви што душата му има потреба.
Не ми се допага што се спомнува квалитет и не квалитет.
Што е тоа што се нарекува квалитет?
Квалитетна дискусија,неквалитетна дискусија.Глупости(со извинење на израз)
Ако се мисли на квалитетна дискусија кога некој дискутира со приложување факти тогаш во ред,ама друг квалитет или не квалитет јас не гледам.
Не велам дека форумов е на завидно ниво,и дека се е тип топ,ама форумот го креираат членовите и модераторите.
Двајца од оние што спомнуваат квалитет и неквалитет ако им фали квалитет,доволно е да се заангажираат и ако им е кадарен гзот,чуда ке направат.
Единствено нешто што мене ми смета на форумов се директните навреди на членовите.Но не останувам рамнодушна кога и да ги приметам,па макар и ми се налутил тој што ги упатува врз било кого.
Не ми се допагаше и она постојано отварање на дупли теми,и вестите на денот,секоја вест како нова тема,ама ете пополека се средува.Тоа не значи дека ке остане засекогаш средено.Пак ке има најверојатно такви периоди.Доколку им смета на членовите,ке си реагираат и пак ке се среди.
Форумот е едно исто како реалниот живот.
Форумот не е бајка,за да некој каже дека ако било или ако биде вака и вака ке биде идеално.
Нема идеално и се цакум пакум средено.
Па форумов не е лектира веке напишана и да биде постојан и континуиран.
Секогаш ке има турбуленции и секогаш ке биде онаков каков што ние ке си го направиме,а тоа зависи од нашите моментални потреби.
Бев најкратка што можам да бидам.