Филмов мора да има посебна тема. Темава нека биде за тие што го имаат гледано филмов. И се извинувам што ги прекршувам првите две правила.
Напишав рецензија во друга тема
Не е препорачливо да се гледа трејлер од филмов, најдобро ќе го доживеете филмов кога ќе го гледате „real-time“
Филмот не е само со тепање. Ова многу го претпоставуваат поради името, дури и јас не го гледав филмов долго време бидејќи мислев дека е само со тепање. Иако има неколку сцени каде што има тепање (борење, или што и да е) - во филмот преовладуваат дијалозите и останатиот дел од сценариото.
Приказната е за еден нормален човек што пати од инсомнија и не може да спие. Инсомнијата го тера да „гледа“ некои работи што не се таму. Запознава еден продавач на сапун и...
Не е многу битна приказната колку што се битни филозофиите и психолошките забелешки за оптешството и луѓето. Неколку цитати:
"The things you own end up owning you"
"It's only after you've lost everything, that you're free to do anything"
"You're not your job. You're not how much money you have in the bank. You're not the car you drive. You're not the contents of your wallet. You're not your fucking khakis. You are the all-singing, all-dancing crap of the world."
оставам простор за ваша интерпретација на цитатите.
Мали ситници што многу ми се допаѓаат за филмот: името на главниот актер (нараторот) никогаш не го кажуваат во филмот и сеуште не е познато, на моменти - на милисекунда во филмот е прикажан споредниот актер, а на крајот од филмот има слика од голем к*р. Сериозно. Плус има и добар црн хумор во филмов.
Има уште многу мали, интересни, не толку битни факти за филмов, ама тие ќе ги прочитате откако ќе го изгледате филмов. Сигурно ќе сакате да знаете што е можно повеќе.
На крајот има голем plot twist што ви го менува цел филм.
9/10 моја оценка, а не би згрешил и 10/10 да му дадам. Мојот омилен филм.
Инаку, ја имате прочитано книгата? Планирате да ја читате? Јас не би ја читал бидејќи веќе го имам гледано филмот и не верувам дека ќе ми биде многу интересна, но сакам (почнав) да ја читам Choke, друга книга од истиот автор и е многу интересна. Исто и за Choke има филм но гледам по коментари и рецензии дека многу е лош филмот, па не сакам да ја расипам книгата со гледање на филмот, прво ќе ја читам книгата па ќе го гледам филмот.