Сите ние имаме сексуални фантазии, но постои разлика помеѓу машките и женските фантазии. Мажите се повизуелни од жените и оттаму нивните фантазии одат многу подалеку од тие на жените.
Мажите сакаат да го замислуваат женското тело, нејзините заведувачки движења, да водат љубов се неа. Додека пак жените имаат проблем со визуализирање на експлицитни сексуални сцени. Генерално тие се задржуваат на емоциите, чувствата и нежните допири.
Па девојки и момци, откријте ги фантазиите на вашиот партнер.....
Мажи
Како што веќе споменавме, мажите се добри во визуализирање на своите фантазии. Тие сонуваат да имат секс со девици. Мажите сакаат многу секс, дури и да неможат да задоволат една единствена жена, тие сепак сонуваат за секс во тројка.
Мажите не сакаат само секс во спалната соба, тие сакаат секс насекаде, на отворено, на плажа, на различни места по дома, нивните фантазии не запираат во креветот.
Исто така тие уживаат во орален секс. Кога жената им го пружа тоа задоволство, тогаш тие најмногу уживаат. Но сакаат и орално да ја задоволат и својата партнерка. Секс во автомобил ги возбудува најмногу. Сакаат различни пози, а стриптизот е една од заедничките желби на сите мажи.
Жени
Најчеста женска фантазија е водење љубов со странец. Тие често замислуваат секс со тотален странец.
Изненадувачки, жените фантазираат да бидат грабнати и соблечени од некој кој што им се допаѓа. Оваа нивна фантазија не е насилна, но овој помалку агресивен начин ги возбудува жените.
Пвозрасните жени пак најчесто сонуваат како водат љубов со помлади момци, а пак помладите девојки со повозрасен маж.
Заљубените жени имаат емоционални фантазии, како на пример, мажот да им пријде од позади додека тие работат во кујната.
И најинтересно е тоа што и мажите и жените фантазираат додека мастурбираат, како и за време на сексуалниот однос со партнерот.
Кои се вашите сексуални фантазии,до каде се можат да стигнат?