-Да немаш попуст на карти за културни случувања, а исто така да немаш и можност за хонорарна работа.
-Да се образуваш и учиш за испити, исклучиво од литература на друг јазик.
-Да бидеш жртва на нечија шизофренија, поточно секој семестар да фрлаш пари за работи кои не ги добиваш: хартија, копирање на учебници, услуги од студентски сојуз и многубројни измислици.
-Психички да те малтретираат искомплексирани професори.
-Да учиш, ама да паѓаш на испити.
-Да бидеш исто така жртва на нечија потреба за пари. Оттаму и мито и корупција.
-Уште еднаш, да си жртва на политички превирања и манипулации.
-Да си потценет и омаловажуван.
-Да имаш необезбедена и несигурна иднина.
-Да си тело преку кое може да се перат пари. Се извинувам, дали споменав жртва?
-Да учиш теорија, без пракса.
-Да молиш професори за консултации.
-Да чекаш резултати од прв колоквиум се до денот кога се полага вториот.
-Да патуваш од друг град само за да ти каже професорот да дојдеш друг ден.
-Да бидат нељубезни и неуслужни со тебе од студентски прашања.
Ќе ги коментирам болдираните, по ред како што сум ги болдирал, зашто тие пред се’ ми паднаа на око, инаку би можел цел есеј да напишам во кој -
НАЈВАЖНО ОД СЕ’ - би се обидел да ви докажам дека ни во странство не цветаат рози. Секогаш кога се отвораат вакви теми за дискусија, главната цел е споредба на нешто македонско со нешто светско - епа ви кажувам, и светското често
СМРДИ!
1. Едноставно неточно. Има Х студентски картички, привилегии и начини за посетување настани со попуст (и други предности од секоја сфера на животот), а
ЈАС лично имав хонорарна работа според струката 2 години додека студирав на УКИМ, препорачан
ОД ФАКУЛТЕТОТ.
2. Исто така неточно. Никој никогаш не ти забранува да учиш (дополнителна) литература на јазикот на кој сакаш, ќе те падне ли некој за тоа?
3. Затоа што, нели, во странство поимите „малтретирање“ и „комплексираност“ се непознати... Yeah, right!
4. Не е важно дали учиш, важно е
КАКО учиш! Можеш да поминеш книга од 1000 страни, но ако немаш способност/пракса за препознавање и издвојување на поважните делови, и 990 страни информации во главата нема да те спасат.
5.
НИКОГАШ не очекувајте дипломата од факултет да ви е гаранција за обезбедена и сигурна иднина, доколку по неа самите не се посветите во оној правец во кој сакате. Ова не е појава
САМО во Македонија, ами секаде. А што е со оние што без факултет и на чесен начин си обезбедиле сигурна иднина? Треба да се отупштат? И уште нешто, зошто тогаш во странство децата од чисти 18 години пробуваат да се осамостојат, и да почнат да живеат и работат сами? За да почнат да си работат на сигурната иднина, бидејќи факултетот
НЕ им ја гарантира!
6. Неточно. Доволно е 1-2 македонски сајтови да ѕирнете, ќе видите дека речиси сите поголеми (и помали) компании/брендови/синџири бараат студенти за пракса; секако, тоа факултетот го поддржува и вреднува со некој дополнителен кредит според ЕКТС.
7. Апсолутно неточно. Немам дополнителен коментар за ова.
*А околу давачките за на факултет за (не)потребни работи, повелете на кој било приватен и/или странски, па распрашајте се таму колку и што плаќате.
Значи, да потенцирам: ситуацијата на нашите факултети е далеку од розова, тоа нема да се лажеме, но иритира кога во се’, па и најбаналните работи, правите идеална споредба со Европа и светот... Ооо, колку само не е така! Пола од наведените работи што сте ги пишале опишуваат што значи да си студент во глобала, да... Но
НЕ што значи да си студент (само) во Македонија!