Близнаци

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Хороскопскиот знак Близнаци (латински: Gemini ) го носат оние кои што се родени помеѓу 21 мај и 20 јуни. Симболот е слика на поврзан пар, или римскиот број за два.
Мозокот и устата на близнаците им се како експресна машина, секогаш се движат со неверојатна брзина. Тоа е така зашто овој знак е управуван од Меркур, планетата на комуникацијата. Оваа планета исто така е симбол на технологијата и умот, правејќи ги близнаците едни од најљубопитните знаци во хороскопот.
Уште како дете, овој човек е привлечен од сè што е ново, и постојано прашува за сè што гледа и слуша. Секогаш е подготвен да го смени мислењето поради светлината на новите информации, го прави да изгледа недоверлив. Интелигенцијата ја користат за брзо снаоѓање и импровизации. Сакаат брзо да ги завршат обврските. Негово мото: „Ќе ја обиколам Земјата за четириесет минути.“ На Близнаците им треба промена и стимулација за да функционираат најдобро. Многу брзо им здосадува рутинска работа, и не можат да седат мирни. Им треба професија што нуди движење, контакти со луѓе и размена на информации. Затоа се истакнуваат во светот на новинарството, подучувањето и сите форми на медиуми. Природни лингвисти се, добри преведувачи, одлични како агенти за продажба, и уживаат во работа со деца и млади. Сакаат да читаат, да пешачат и да танцуваат.
Со Близнаците повеќе владее главата отколку срцето, и сметаат дека е природно да имаат врски со различни луѓе во исто време. Понекогаш се нестабилни во чувствата, но сепак се во потрага по „другата половина“ и заеднички живот. Пријателството со нив е забавно, и подговтени се да им помагаат на другите.
Подгответе се на изненадување при посета на овие луѓе. Мебелот може да биде насекаде, и можно е секогаш да ги начекате при ново декорирање на домот. Ќе ги дознаете од нив најновите информации за заедничките познаници, за најпродаваната книга, за најгледаниот филм. Близнаците не ги оставаат своите пријатели да си заминат брзо, па сигурно до доцна ќе муабетите. Жената Близнаци ќе ви ги покаже најновите кујнски апарати, иако не е надарена готвачка, а машкото Близнаци ќе ви објасни како да стигнете дома по најкраткиот пат. Близнаците родители се спријателуваат со своите деца, и секогаш ќе се трудат да им го оозможат најдоброто образование.Зборови кои ги опишуваат Близнаците кои важат и за двата пола: промислени, многустрани, прилагодливи, ведри, дружељубиви, флексибилни, остроумни, зборлести. Понекогаш знаат да бидат: лажливи, нестабилни, нерешителни,дволични, недоследни, душкала, површни.

Дали сум единствениот близнак на форумов?
Што мислите за луѓето родени во овој хороскопски знак?
 

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Honey-Badger-Dont-Care.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini and freak

freak

Староседелец
18 јуни 2012
190
120
1,043
27
Битола
Близнаците ми се едни од најинтересните особи, никогаш нема да ми биде досадно во нивно друштво. И многу си ги сакам. Иако сум јарец и секде пишува дека воопшто не си одговараат јарец и близнак мене ми е супер со нив. (nod)
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
И јас сум близнак во хороскоп :wavespin
Се сложувам со половина од она што си го приложила за близнаците. Половина што се однеусва до мене е погрешно. Можеби зошто сум шкорпија во подзнак и тоа има силно влијание врз мене.
Па и кога ќе додадеш на тоа лични карактеристики и обележја за секој поединец отиде во вода се што ги карактеризира близнаците :D
А сметам дека нашиот знак е еден од подобрите. Дружељубив, љубопитен, комуникативен.
Оној митот што не прати дека сме дволични - апсолутно си нема врска ! Дволичноста се однесува на двојната природа која ја имаме (се смееме во еден момент - во другиот плачеме, сега зборуваме едно - после друго, денес сме тука - утре којзнае каде), никако не зборуваме зад грб.
Мислам дека детето кое нагласено го носиме во себе не прави сосема искрени, спонтани дури и наивни. Посветени на пријателите и на партнерот.
 

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Да не се повторувам, само ќе се надоврзам на мислењето на Марија
И јас сум близнак во хороскоп :wavespin
Се сложувам со половина од она што си го приложила за близнаците. Половина што се однеусва до мене е погрешно.
А сметам дека нашиот знак е еден од подобрите. Дружељубив, љубопитен, комуникативен.
Оној митот што не прати дека сме дволични - апсолутно си нема врска ! Дволичноста се однесува на двојната природа која ја имаме (се смееме во еден момент - во другиот плачеме, сега зборуваме едно - после друго, денес сме тука - утре којзнае каде), никако не зборуваме зад грб.
Мислам дека детето кое нагласено го носиме во себе не прави сосема искрени, спонтани дури и наивни. Посветени на пријателите и на партнерот.
Јас сум стрелец во подзнак ама мислам дека тоа нема некое големо влијание врз мене.
Плус и онака сум имала сестра близначка ама умрела... Никогаш никој ништо не ми кажа за неа, само дека ќе сме биле идентични да била жива.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: live.your.life and Gemini

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
ја сам у подзнак близнациии....
иии седмдес посто од друари су ми близнаци у хороскоп, еееееееееекстра
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Мене искрено близнаците ми се дволични луѓе, барем јас имам стекнато такво мислење од оние кои ги имам запознаено а се близнаци во хороскоп.... комуникативни ми се, интересни, и многу размислуваат пред да сторат нешто...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Близнак и во хороскоп а и во стомакот на мајка ми. Мислам дека не е случајност ама штета што другото не преживеало.
Се од напишаното е точно , јас сум типичен близнак . Мојот подзнак - водолија никако не ми влијае. Не дека се фалам ама близнаците се едни од најхарзиматичните и најзабавните од сите други знаци. Докажано е:):):)