Бурни се овие времиња, но со многу жени се уште побурни.
На денешен ден 15.08.2012 (пред 12 на полноќ, за да ми се бројт 1 ден повеќе) официјално стапувам во нова врска со новата ми форумска партнерка
WomanInRed .
Немој некој да рекол дека срцето не е изгледа вака, не го слушајте кокаколичар еден низаеден... лажит тој многу.
Честитки до нас двајца и се надевам дека ќе славиме многу јубилеи на форумов, како на пример: недела, месец, година, две години, 8 септември, нова година, 1ви мај, велигден, па овие поекзибиционите свадба,крштевка, сребрена свадба, златна свадба, море и дијамантска свадба после 100 години. Само 6 недели и 6 месеци ќе ги пропуштиме, зш не е убо. Се надевам нема да се јави љубомора кај досегашните девојки, и нив сеуште ги сакам
Да си ја поздравам најновата девојка на форумов со една добро позната композиција, во знак на почит и љубов
Аууу што сум романтичен со песнава
Ајде сега сите стегајте лајкови, и пишувајте коментари од типот: честитки, со среќа да ви е, супер пар сте и слично. Немој некој вака
да напишал ќе го гледам како најголем душман и непријател на форумов, и ќе му ги дислајкувам сите досегашни лајкови што сум му ги стегнал, ќе му ги разгледам сите содржини и ќе му ги пријавам офтопиците да му ги избришат
Ани квештнс?