Истражувањето кое неодамна го спроведоа група американски научници покажува дека и животните намерно земаат психоактивни растенија.
Американскиот невропсихијатар Дејвид Линден во својата најнова книга наведе дека истражувањето покажало дека животните наводно конзумираат психоактивни растенија и печурки, како и луѓето.
- Иако е тешко целосно за се разберат мотивите на животните, сепак врз основа на голем број случаи може да се заклучи дека животните ги користат тие растенија пред се поради нивното психоактивно дејство, бидејќи тие вообичаено се сиромашни со хранливи материи, рече Линден.
Животните, според него, се свесни се ефектот кој го имаат овие растенија.
Во Габон слоновите, мајмуните, птиците, горилата и голем број други животни ја конзумураат и богата, растение со халуциногено дејство, кое го употребуваат племенските исцелители во традиционалните ритуали.
Според Линден малите слончиња учат да јадат ибога набљудувајќи го однесувањето на постарите членови на нивните крда.