Хороскопот и раскинувањето

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
ОВЕН
Иако веќе некое време сте незадоволни во врската и свесни сте дека најдобро за вас е да ја прекинете, сепак гордоста ви е малку повредена. Лути сте и бесни на себе и на целиот свет, беснеете и се дерете на цел глас и на тој начин се обидувате да се испразните, но повеќе ќе ви годи зголемена физичка активност. Кај вас тоа се одвива бурно, но за среќа, поминува брзо.
Совет за пријателите на Овните: Не лутете им се на своите пријатели Овни, проголтајте ги нивните испади затоа што за среќа брзо поминуваат и повторно ќе бидат оние старите, преполни со енергија и ентузијазам.
БИК
Биковите се фиксен знак и малку сте инертни, па затоа не сте пресреќни кога во животот ви се случуваат големи промени. Ако е во прашање прекин на долга врска, ќе ви падне многу тешко дури и ако не сте биле задоволни во таа врска. Тие се во состојба многу да трпат мислејќи дека со време нешто ќе се смени на подобро. Кога ќе навикнат на некого, тешко им е да се одвикнат иако се свесни дека тоа не е добро за нив. Раскинувањето го доживуваат многу болно и помалку се изгубени затоа што потполно им се менува животот. Можат да се запуштат и да се повлечат во себе, а утеха често бараат во храната, особено во слатките работи.
Совет за пријателите на Биковитe: Бидете полни со љубов и внимание кон вашите Бикови додека не им помине депресијата. Раздвижете ги и активирајте ги затоа што тешко дека тоа ќе го направат сами. На почетокот може да ве одбијат, но бидете упорни.
БЛИЗНАЦИ
Раскинувањето тешко ви паѓа, но нема да си го признаете тоа ниту на себе, ниту на другите. Уморни сте од размислување затоа што едноставно не можете да пронајдете одговор на сите прашања. Добар сон најдобро ќе ве опушти. Обидете се помалку да размислувате на раскинувањето, дајте си дополнителни обврски, одете на пократко патување. Запишете се на курс за странски јазик или било кој друг курс, зголемената ментална активност ќе ви годи.
Совет за пријателите на Близнаци: Вашиот Близнак ќе се однесува чудно, но не се обидувајте да го опоменете. Ќе биде екстремно расеан, а промените на расположението ќе варираат од минута во минута. Правете се како ништо да не забележувате. Доволно е само да бидете присутни, да сте достапни ако нешто му затреба.
РАК
Најдобра терапија за оставениот Рак е да биде во друштво на своите блиски пријатели. Преселете се на неколку дена кај својот најблизок пријател со кој на раат ќе зборувате за своите емоции. Не се стегајте и добро исплачете се, затоа што после тоа ќе ви биде многу полесно. Обидете се да се ослободите од спомените кои ве потсетуваат на поранешниот партнер, соберете ги во една кутија и ставете ги во подрум.
Совет за пријателите на Раковите: Разберете го вашиот Рак и бидете нежни кон него. Бидете му рамо за плачење и поддршка во тие тажни денови. Дури и ако претера во самосожалувањето, не го критикувајте. Ќе помине и се ќе си дојде на свое место.
ЛАВ
Премногу сте горди да им покажете на другите дека патите, па затоа се убедувате себе си во спротивното. Тоа само ќе предизвика контра ефект, постојано ќе бидете бесни и мрзоволни. Најдобро за вас би било да се преселите на некое егзотично место, да пливате, да се излежувате на сонце, затоа што сонцето е најдобар лек за вас. Трошете пари на излегување и гардероба, сменете ја фризурата, бојата на косата… бидете оригинални.
Совет за пријателите на Лавовите: Навикнати сте вашиот пријател да сјае, но сега над него се надвиснале облаци. Фалете го, бодрете го и делете му комплименти, покажете му колку го сакате и колку ви е битен во животот. Тоа многу ќе му значи.
ДЕВИЦА
Девиците имаат потреба да го подредат својот живот затоа што така најдобро функционираат. Раскинувањето со партнерот ги фрла во депресија затоа што ќе треба да надоместуваат алка што недостига. Затоа најдобро е да направите листа на причини зошто ќе ви биде подобро без партнерот. Исто така направете список на активности кои ќе можете да ги правите сами. Тоа сигурно ќе ви помогне.
Совет за пријателите на Девиците: Помогнете и на својата Девица добро да се изанализира, логичкото размислување ќе и помогне. Ако видите дека тоа не помага доволно, убедете го својот пријател дека тоа се случило за да се направи место да се случи нешто поубаво и поквалитетно.
ВАГА
Вагите се научени на константна анализа така што одлично знаат што добиваат со раскинувањето. Тоа не е проблем. Проблемот е што Вагите тешко функционираат сами, без партнер, така што може да имаат потреба што побрзо да влезат во нова врска и можност да направат погрешен избор. Совет до Вагите да се стрпат за да не направат грешка. Пожелно би било да ги обноват односите со пријателите што ги запоставиле поради партнерот.
Совет за пријателите на Вагите: Подгответе се внимателно да ја ислушате својата Вага, се што трпела во врската и од што се откажала. Често ќе биде контрадикторна, но не се обидувајте да ја корегирате. Поведете ја во големо друштво затоа што додворувањето на спротивниот пол ќе и ја подигне самодовербата.
ШКОРПИЈА
Шкорпиите во љубовниот однос потполно се предаваат, до крај, без резерва. Нивната љубов е длабока, а патењето уште подлабоко. Љубовната загуба за нив е како смрт и тешко ја поднесуваат. Нема лесно да прифатат дека се оставени, ќе се борат за својата љубов до последен здив. Можат да станат деструктивни, најчесто самодеструктивни. Драги Шкорпии, морате што побрзо да најдете светло на крајот на тунелот за да не застраните и да забегате во негативна крајност. Престанете да се казнувате и да жалите за се што сте направиле, затоа што сте направиле најдобро што можете.
Совет за пријателите на Шкорпиите: Морате веднаш да станете добар психолог и да имате паметни одговори на сите прашања. Вашата позитивност и ентузијазам ќе помогнат да го снема мракот од нивните животи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: "Peperutka" and emzzy

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
СТРЕЛЕЦ
Вечните оптимисти и идеалисти во ваквите ситуации за момент ќе се смират. Иако врската често им претставувала пречка кон слободата што најмногу ја посакуваат, сега се чувствителни на големата осаменост. Меѓутоа, тие се мајстори да се издигнат над секоја ситуација и да го набљудуваат животот од филозофска гледна точка. Ќе ги спакува куферите и ќе тргне во нови авантури. Ќе има неодолива потреба да бидат опкружени со пријатели за да го избегнат чувството на осаменост. Лесно можат да завршат во прегратките на некоја сосема непозната личност, а после тоа да се чувствуваат лошо. И така, тагата ќе помине.
Совет за пријателите на Стрелците: Вашиот пријател ќе се однесува чудно, често ќе биде расположен за критики и препукувања. Бидете покрај него, чувајте го, помогнете му што побрзо да стане оној стариот пријател без кој живот би бил многу, многу монотон.
ЈАРЕЦ
Иако изгледаат како одлично да го поднесуваат раскинувањето, тие всушност се здрмани до темел. Нешто што со години го граделе сега се урнало и тоа тешко го поднесуваат. Нема да ги видите дека многу се жалат и јадосуваат, повеќе сакаат да патат во самотија и да не ги тормозат останатите. Сакаат да останат смирени и прибрани дури и во вакви ситуации. Тие одлично знаат дека времето ги лечи раните. Најефикасно за нив е да побараат спас во работата, како и да се дружат со пријателите и роднините.
Совет за пријателите на Јарците: Однесувајте се како ништо да не се случило, затоа што јарците не сакаат да ги сожалуваат. Разговарајте за тоа само на нивна иницијатива. Не им дозволувајте да се осамат, измислете некаква причина да ги извлечете од дома.
ВОДОЛИЈА
Водолиите не го прифаќаат раскинувањето лесно и сакаат да останат барем пријатели со поранешниот партнер. На тој начин агонијата продолжува додека конечно не сфатат дека е крај. Најдобро е времето да го минат во друштво на пријателите, да разговараат за тоа, да добиваат совети, но се на се ќе сфатат дека не се сами и тоа многу ќе им значи.
Совет за пријателите на Водолиите: Вашиот весел пријател е тажен и имате задача да го развеселите. Предложете му нешто откачено. Ако не скокал со падобран од авион, сега е време за тоа. Тоа ќе му помогне да се почувствува жив и тагата ќе исчезне.
РИБИ
Веќе подолго време чувствувате дека е крај и сега конечно се случи. Ви се урнаа сништата и мислите дека не можете да живеете без саканата/саканиот. Не знаете што да правите, дали тагата да ја изгасите во море од алкохол. Овде клучен збор е верба. Сега кога се ви исчезна, треба да ја разбудите вербата во себе, вербата во љубовта. Ви се чини скоро невозможно. Напишете најубава љубовна песна, ставете ја во шише и пуштете ја во река. Ќе видите, ќе се случи магија.
Совет за пријателите на Рибите: Будно внимавајте на својот пријател затоа што лесно може да направи глупост. Не верувајте му ако каже дека е добро затоа што веќе во следниот момент може да се најде на дното. Престојот покрај вода најмногу би му годел.
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
ОВЕН
РАК
Најдобра терапија за оставениот Рак е да биде во друштво на своите блиски пријатели. Преселете се на неколку дена кај својот најблизок пријател со кој на раат ќе зборувате за своите емоции. Не се стегајте и добро исплачете се, затоа што после тоа ќе ви биде многу полесно. Обидете се да се ослободите од спомените кои ве потсетуваат на поранешниот партнер, соберете ги во една кутија и ставете ги во подрум.
Совет за пријателите на Раковите: Разберете го вашиот Рак и бидете нежни кон него. Бидете му рамо за плачење и поддршка во тие тажни денови. Дури и ако претера во самосожалувањето, не го критикувајте. Ќе помине и се ќе си дојде на свое место.
Точно е ама би требало да се додаде, или барем за мене е уште поточно дека не сакам секој да ми ги гледа емоциите. Колку пати сум плачела во себе без никој да ме гледа за било што. Мене искрено поубаво би ми било после раскинувањето да сум сама и да си решам се` сама, да си плачам пред огледало :)p) отколку да цвикам на некои други. Јас сум барем таков тип, не сакам да гледаат луѓето колку може да ме боли љубовта, а некогаш и не ме боли ич :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_countess

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
Точно е ама би требало да се додаде, или барем за мене е уште поточно дека не сакам секој да ми ги гледа емоциите. Колку пати сум плачела во себе без никој да ме гледа за било што. Мене искрено поубаво би ми било после раскинувањето да сум сама и да си решам се` сама, да си плачам пред огледало :)p) отколку да цвикам на некои други. Јас сум барем таков тип, не сакам да гледаат луѓето колку може да ме боли љубовта, а некогаш и не ме боли ич :)

И јас сум таква, не сакам другите да ме гледаат кога сум нерасположена :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

Lollypop

Истакнат Член
26 декември 2012
251
197
143
За водолија ко за мене да е пишуавно .. ептен е точно