Еве една плус информација -Најскапиот квадратен метар станбена површина се нуди во населбата Водно по цена од 1.500 евра за квадратен метар, по што следуваат Центар со 1.300 евра за квадрат, Аеродром, Кисела Вода, Карпош и Лисиче со цена од 1.000 до 1.100 евра за квадрат. Во другите населби, како Влае, Ѓорче Петров и Автокоманда, цените паѓаат и изнесуваат од 700 до 900 евра за квадрат. Во населбите како Чаир, Хиподром и Маџари се нудат најевтините станови, по цени што варираат од 500 до 800 евра за квадрат.