Книга што не сте ја сфатиле?

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Ви се случило ли некогаш да прочитате некоја книга и да не сте ја сфатиле?
Ако ви случило која е таа !
 

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
Не ми се случило да неможам да сфатам цела книга, само одредени делови или пасуси.
На пример, во "Аеродромци - Сашо Тасевски ".
Мафија, малолетна проституција, убиства, инцест, педофилија... само дел од петте драми во " Аеродромци "
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and 048

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
МАлиот принц и Алиса во земјата на чудата. Можеби затоа што ги имам читано во погрешно време. Сметам дека се погрешно интерпретирани, се даваат во време кога малото дете сеуште го нема развиено она размислување на општеството што овие книги го нудат.
 

Mardy Bum

Староседелец
25 април 2012
177
180
643
behind you!
Книги со кои имав проблеми се Мајсторот и Маргарита -сега ми е една од најомилените и Улис - Џејмс Џојс, меѓутоа малку подранив со нив уште во осмо, наредниот пат веќе многу работи ми беа појасни.. Секоја книга може да се разбере, само концентрација, логика, поврзување на работите, и секако предзнаење доколку е потребно..

МАлиот принц и Алиса во земјата на чудата. Можеби затоа што ги имам читано во погрешно време. Сметам дека се погрешно интерпретирани, се даваат во време кога малото дете сеуште го нема развиено она размислување на општеството што овие книги го нудат.
Зошто во погрешно време? Еве конкретно за Малиот принц нема да му наштети на никое дете, зарем не е прекрасно што толку невино е прикажан светот, каков е, каков би требало да биде, и приказна за вистинските вредности на јазик на децата но и за возрасните. А децата, тие ќе ја разберат пораката, само на нивни начин, невин и чист. Многу ја сакав малиот принц како дете, не е несфатлива за да е погрешно време за читање, ја читав и подоцна и секако е една од нај-безвременските книги.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
100 години самотија од Маркес.
исти имиња, незнаеш кој е умрен а кој жив :)
На пример, во "Аеродромци - Сашо Тасевски ".
Мафија, малолетна проституција, убиства, инцест, педофилија... само дел од петте драми во " Аеродромци "
Мора да го ѕирнам ова :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and The_countess

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
100 години самотија од Маркес.
исти имиња, незнаеш кој е умрен а кој жив :)


И јас ова книга не ја сфатив, повеќе пати ја зедов и ја оставив. ;)
Обично ги читам сите книги до крај, ама ова не можев ме измачи многу.
 

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
Окултната магија на третиот рајх - Сергеј ЗУБКОВ

b3d62cda1cdea279e0e66fd26af49420_thumb.jpeg


тотално промашување имам направено со книгава :)
не сакам вакви книги, а ја купив сосем случајно на саем на книги...
и не ни можев да ја дочитам до крај (facepalm) ја подарив...
 

smeska

Истакнат Член
18 декември 2012
65
53
118
Смарагдна земја ... искрено не ни ја дочитав ... од самиот почеток ми беше збркана и едноставно ја оставив да збира прашина на полици ...