Љубов, ах таа љубов, вечна загатка и неисцрпна инспирација. Најголем човечки двигател. Не постои мотив кој создава повозвишени чувства и предизвикува помрачни дејства во истовреме. За љубовта се војувало и се војува. За неа се урива и се создава. За љубовта се пее и се твори. За неа се пишувало, се пишува и таа засекогаш ќе остане најголема муза.
За една таква љубов станува збор и во оваа наша приказна, нема да должиме многу ќе ве оставиме да уживате во очјаните зборови на Слободан кој по секој цена сака да ја пронајде неговата љубов – Радовишанката Весне.
„Весне, дали се сеќаваш кога се запознавме во Суто море во 1994? Од тогаш те барам и никако да те најдам. Друга жена не земав, зашто моето срце само за Весна е желно. Јас сум Слободан и имам 45 години и ги молам сите граѓани кои сеуште веруваат во љубов да ми помогнат да ја најдам мојата Весне. Таа е од Радовиш, слика немам, висока е како манекенка, со проѕирни зелени очи, плава коса и има 40 години. Весне и ти ако читаш и ако ти текне на долгите прошетки покрај море и песната од Мирослав Илиќ, нашата песна на која игравме валцер, те молам пиши ми. Вечно твој и само твој, Слободан од Илинден“.
Наше е да му помогнеме на Слободан на било каков начин, а ти Весне ако читаш јави се!
http://fun.mnogoo.mk/mk/articles/Razonoda/ajde-da-mu-pomogneme-na-slobodan-da-ja-najde-vesne-foto