не дека ви е можеби битно,но јас сепак сакам да ви кажам,мада бајаги размислував дали сакам да напишам или не.
читајки ве вака сите наназад ги разбирам вашите ставови и размислувања со кои се согласувам
Но,целта ми е друго да потенцирам.
Дали навистина ни претставува некое посебно задоволство на душата ако некого уште толку го издемотивираме?
Дали ке почувствуваме некое посебно задоволство и олеснување ако нешто што ке не испровоцира да напишеме,дека никого не молиме ако сака нека си оди,ке ни е сеедно и ако сака нека остане ке е добредојден.
Сигурна сум дека нема да ни предизвика ниту олеснување а уште помалку задоволство.
Бар кај мене е така.
и друг пат кога ке приметев дека некој пробува од форумов заради икс причини да се повлече,сакав истово да го пласирам....во смисол ако си одиш оди си и немора да се збогуваш.
Но не го пишував тоа што го мислам баш ради таа причина што за мене ке е скоро сеедно што ке напишам,и ке заборавам дури и дека сум напишала.
а како ке делува сето тоа врз некој кој најверојатно имал некоја причина што се осетил толку слаб за да вака јавно напише таква реченица.
Зошто без никакво свое задоволство некого свесно и намерно плус да издемотивирам?
Која е мојата цел во животот ако свесно кога гледам дека некој тоне јас да го притиснам.
Не,не мислам дека морам рака да му подадам за која незнам и дали ке му пасува за да се фати,ама нема ни да го притиснам.
Сепак ова е форум и за секој од нас претставува на некој начинприбежиште од реалноста а кај секого со различна цел и причина.
Но бар кога сме свесни треба да имаме во обзир дека не знаеме што на некого во реалниот свет му се случува.
не дека ова овде е нереално,ама на форумот не е нашата фамилија,нашиот факултет,работа,изгубена или моментална љубов и уште многу други работи за кои уствари и ни се примарна цел во животот.