Сакав да промрчам за некои теми на форумов, сакав да учествувам во некои дискусии меѓу одредени членови...сакав...
Но, едноставно изгубив желба!
На форумов сум од 14 фебруари, а денес е 25јуни. Тоа се 4 месеци и 11 дена.
Бев член како и сите останати и моите предлози за дополнителна фукционалност сметам дека беа пресудни да добијам предлог за модераторство што со драго срце го прифатив. Мода и убавина...да се пријавев на конкурс немаше да го добијам тој форум.
Потоа се проширив со Кафе муабети.
Модерирав и давав се од себе. Но, кога си модератор другите те гледаат поинаку и мислат дека правиш што ти е волја. Дека за тебе не важат правила. Понекогаш несвесно вината е префрлена на тебе. Која вина?
Па дека на господата им било избришано несоодветно мислење или пак си затворил несоодветна тема.
Како рак во хороскоп работите ги сфатив премногу лично и еден ден ставив крај.
Се ослободив од обврската која се испостави дека не била лесна...
Потоа сфатив дека не сум била во право за некои работи и дека всушност одлично си ја вршев работата, но не се покајав за одлуката. Ако, барем сега никој ништо не ми префрла.
Сега моето учество на форумов е помало од претходно. Всушност, сега се почесто сум нем набљудувач и уживам во тоа.
Да, и јас некогаш се замарав за истите работи за кои сега и другите се замараат.
Се отворале глупави теми, немало потреба од сите тие. Зошто ова било вака, а она онака?!
Дечки, на форумов сте дошле од забава и овде трошите слободно време. Така и однесувајте се.
Ако нешто ти пречи, игнорирај го. Ако некоја тема ти е безврска, не отворај ја.
Ако мислиш дека имаш подобра идеја од останатите, преточи ја во нова тема.
Ако за нешто ти се дискутира, поттикни ја таа дискусија.
Ако видиш неправилност, пријави ја.
На форумов денес сме, утре не сме. Дури и тој самиот можеби до утре нема да постои.
Зошто и виртуелно да шириме нерасположение и тензија?
Нашиот престој тука треба да биде фин и пријатен. Има толку убави теми и за релаксирање и за сериозни дискуии.
Океј е да не ти се допаѓа Х член, ама не му обрнувај внимание.
Ако нешто научив во животов тоа е дека не треба да покажуваме нервоза и не треба да покажеме што не нервира!
Тоа често некој ќе го (зло)употреби. А зошто да го дозволиме тоа?
И за крај, сакав да споделам нешто со вас што нема врска со горе напишаново:
Прекрасна и реална колумна:
Скептикот за љубовта
Вреди да се прочита.