Мене прво не ми е јасно што е успешност на една врска. Јас сум во врска веќе 4 и пол години, и по вашето пишување мојата врска е се освен успешна. Ние се караме мноооогу често, затоа што делот на смирување е неодолив. Ние сме љубоморни еден на друг затоа што таквите изливчиња на љубомора не потсетуваат колку се посакуваме. Ние сме се освен либерални, конзервативноста ни е храм.Доверба голема па и нема, јас од едно до друго око не верувам па не во него 100%. Сомнежот и те како може да ме заштити во некои ситуации. Комникацијата ни е врв, е тука не се разбираме што сакал да каже другиот во скоро 80% од времето. И ако по сето ова, секој пат кога ќе се погледнеме гориме од љубов, кога ќе се фатиме за рака се е како поклопено, кога ќе легнеме еден покрај друг чувството е фасцинантно, епа моата врска е УСПЕШНА. Ние сме ние, така сме се изградиле и така веројатно ќе продолжиме