Конкурс за полицаец

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Trajche со среќа, дај Боже да те приматт :)
А сегашните полицајци не можат 2 склека да направат па пак ми се понашаат, демек јаки сме многу. Пф.....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Еееее, другарче да знаеш само какви се пријавуваа, нема да поверуваш, пред мои очи... од такви уште повеќе се инспирирам. Нема ни 175 см се пријавил, некој од 120 кила и тој, и ќоро и сакато, да така да остај тоа што не си во форма. И најжално некој таков ќе влезе.
Шо пиша ова, сега ми е криво.. :/
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија за избор на кандидат за полицаец формирана од страна на министерот и истата се спроведува во следните фази:
1.Административна проверка (утврдување на навременост и потполнетост на поднесената документација, како и исполнетост на пропишаните услови);
2.Писмено тестирање (пишување есеј, општообразовен тест и психолошки тест),
3.Проверка на моторички способности (за мажи 60 стомачни, 55 склекови, трчање на 3200 м за 13,30 минути и 10 згибови на вратило и за жени 60 стомачни, 27 склекови и 3200м за 16,30 минути, и други физички проверки определени од страна на Комисијата),
4.Интервју (поединечен разговор со кандидатот за полицаец),
5.Здравствени прегледи (проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите).
6.Здравствените прегледи во постапката за селекција за проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите се утврдуваат од страна на Здравствена комисија формирана од министерот за внатрешни работи.
7.По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец и на истата се упатуваат за 10% поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас.
По завршување на основната обука (во времетраење од една година), Министерството за внатрешни работи со кандидатот за полицаец кој ја завршил основната обука за полицаец и кој врз основа на постигнатите резултати соодветно е внесен во ранг листата склучува Договорот за вработување.
8.Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).
9.Ненавреманата и непотполната документација нема да се разгледува.

E вака сега, според мои информации се примаат 250 македонци и 50 од други националности,меѓу кои 30 албанци,толку имале право да влезат според рамковен договор.
Конкурирав и јас,а додека вадев документација имаше огромен број на албанци,и огромен број на луѓе што не одговараат на карактеристиките коишто се потребни за примање.Како што кажа и ќоро и сакато поднело документи,прво немаат висина,а за понатака да не збориме.
До понеделникот имало 8500 пријавени, а рокот за пријавување е до 19ти Јуни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche and Hip.Hop_MKD

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Значи има време, а што документи треба? :)
И пак курац, уште не ми е скрос затворена раната од операцијата... -.-
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Значи има време, а што документи треба? :)
И пак курац, уште не ми е скрос затворена раната од операцијата... -.-
Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар:
-уверение за државјанство,
-извод од матична книга на родените,
-диплома за завршено четиригодишно образование,
-доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност, и
-две фотографии во големина на патна исправа.
Пријавата со потребната документација, кандидатот е должен да ја поднесе ЛИЧНО во едно од определените места за пријавување, и тоа:
1.Сектор за внатрешни работи Скопје:
- Полициска станица од општа надлежност-Гази Баба,
- Полициска станица од општа надлежност-Бит Пазар и
- Полициска станица од општа надлежност-Карпош.
2.Сектор за внатрешни работи Битола;
3.Сектор за внатрешни работи Велес;
4.Сектор за внатрешни работи Куманово;
5.Сектор за внатрешни работи Тетово;
6.Сектор за внатрешни работи Охрид;
7.Сектор за внатрешни работи Струмица,
8.Сектор за внатрешни работи Штип.
Кандидатот е должен при поднесување на потребните документи, со себе да носи лична карта или пасош за идентификација. Потребната документација од став 1, кандидатите ја доставуваат секој работен ден во определениот рок, во текот на работното време .
При поднесување на пријава кандидатот потпишува изјава за доброволно пристапување на селекција на избор на кандидат за полицаец со неможност за барање на оштета од Министерството за внатрешни работи во случај на повреда за време на спроведување на постапката за селекција.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Да од суд за прекршоци во парк. Ти го даваат за 3 работни дена, исто и извод за 3 работни дена ти даваат,а државјанство одма даваат.
Ај може ќе се пријавам, само да се консултирам со моиве дома..