Значи има време, а што документи треба?
И пак курац, уште не ми е скрос затворена раната од операцијата... -.-
Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар:
-уверение за државјанство,
-извод од матична книга на родените,
-диплома за завршено четиригодишно образование,
-доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност, и
-две фотографии во големина на патна исправа.
Пријавата со потребната документација, кандидатот е должен да ја поднесе ЛИЧНО во едно од определените места за пријавување, и тоа:
1.Сектор за внатрешни работи Скопје:
- Полициска станица од општа надлежност-Гази Баба,
- Полициска станица од општа надлежност-Бит Пазар и
- Полициска станица од општа надлежност-Карпош.
2.Сектор за внатрешни работи Битола;
3.Сектор за внатрешни работи Велес;
4.Сектор за внатрешни работи Куманово;
5.Сектор за внатрешни работи Тетово;
6.Сектор за внатрешни работи Охрид;
7.Сектор за внатрешни работи Струмица,
8.Сектор за внатрешни работи Штип.
Кандидатот е должен при поднесување на потребните документи, со себе да носи лична карта или пасош за идентификација. Потребната документација од став 1, кандидатите ја доставуваат секој работен ден во определениот рок, во текот на работното време .
При поднесување на пријава кандидатот потпишува изјава за доброволно пристапување на селекција на избор на кандидат за полицаец со неможност за барање на оштета од Министерството за внатрешни работи во случај на повреда за време на спроведување на постапката за селекција.