Самсунг групацијата е мултинационална компанија со седиште во Самсунг Таун, близу Сеул во Јужна Кореја. Групацијата се состои од поголем број на ограноци со заедничко име под брендот Самсунг. Најпознатиот огранок е Самсунг Електроникс, еден од најголемите произведувачи на електроника во светот.
Малкумина знаат дека гигантот Самсунг започнал како фабрика за тестенини во 1938 година.
Подоцна за време на Корејската војна во 1947 година се прфрла во бизнисот со шеќер, а вистинскиот успех го доживува како текстилна компанија од 1954 година.
Новосоздадениот профит како текстилна компанија, сопственикот го диверсифицира најнапред во осигурување и трговија, а од доцните 60-ти години и во електронска опрема. Како главна развојна стратегија било окрпнувањето, индустријализацијата, но и заштитата на домашното производство од странски производители.
Така Самсунг станува успешен со децении да лобира за забрана за увоз на разни странски електрични производи. Во 80-тите години Самсунг се впушта и во телекомуникацискиот бизнис.
Годишниот обрт на групацијата во 2010 година изнесувал 200 милијарди долари. Вработува 276000 лица, а најголема производствена инвестиција му е 9 милијарди вредниот погон за полупроводници во Остин, Тексас.