Samsung телефони | Црнобело Форум

Samsung телефони

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,347
113
Софија
Самсунг групацијата е мултинационална компанија со седиште во Самсунг Таун, близу Сеул во Јужна Кореја. Групацијата се состои од поголем број на ограноци со заедничко име под брендот Самсунг. Најпознатиот огранок е Самсунг Електроникс, еден од најголемите произведувачи на електроника во светот.

Малкумина знаат дека гигантот Самсунг започнал како фабрика за тестенини во 1938 година.

Подоцна за време на Корејската војна во 1947 година се прфрла во бизнисот со шеќер, а вистинскиот успех го доживува како текстилна компанија од 1954 година.

Новосоздадениот профит како текстилна компанија, сопственикот го диверсифицира најнапред во осигурување и трговија, а од доцните 60-ти години и во електронска опрема. Како главна развојна стратегија било окрпнувањето, индустријализацијата, но и заштитата на домашното производство од странски производители.

Така Самсунг станува успешен со децении да лобира за забрана за увоз на разни странски електрични производи. Во 80-тите години Самсунг се впушта и во телекомуникацискиот бизнис.

Годишниот обрт на групацијата во 2010 година изнесувал 200 милијарди долари. Вработува 276000 лица, а најголема производствена инвестиција му е 9 милијарди вредниот погон за полупроводници во Остин, Тексас.

samsung_logo.jpg
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,347
113
Софија
Samsung примил 9 милиони нарачки во претпродажбата за својот нов Galaxy S III, пренесува Ројтерс.
Порачките стигнале од преку 100 оператори ширум светот.
Samsung Galaxy S III ќе биде можно да се набави во 145 земји ширум светот, а во Европа ќе биде достапен од 29. мај, додека Американците ќе чекаат до јуни да дојдат до својот примерок.
Се работи за телефон со 4,8 инчен Super AMOLED екран, камера со резолуција од 8 мегапиксели, предна камера од 1,9 мегапиксели, и четиријадрен процесор на 1,4 гигахерци.
Работи на најновата верзија на Android, и иако моментално има само подршка за HSP+, најверојатно LTE верзијата ќе биде достапна од лето.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,347
113
Софија
Како што пренесуваат француските електронски медиуми јужнокорејскиот производител на електронска опрема „Самсунг“ е далеку понапред на пазарот на „паметни“ мобилни телефони од американската информативна компанија „Епл“.
Благодарение на огромната побарувачка за уредот „галакси С III", лансиран во мај, „Самсунг“ ја зголеми предноста во второто тримесечје на 2012 гофина со 50 милиони продадени телефони, додека во истиот период биле продадени 30,5 милиони парчиња од телефонот на „Епл“ - „ајфон“, покажаа анализите на агенциите.
„Самсунг“ и „Епл“ повеќе квартали водеа жестока битка за местото главен продавач на „смартфони“, но лансирањето на новиот модел „галакси“, на 4 мај, на јужнокорејскиот производител му овозможи поголема предност.

На светскикот пазар на мобилни телефони, вклучувајќи ги и сите комбинирани апарати, „Самсунг“ го прекина 14-годишното владеење на финската компанија „Нокиа“.
 

Andrej4e

Нов член
25 мај 2013
22
5
3
23
Добродојдовто во темава „Имформации за Samsung“! Тука пишувајте имформации за Самсунг. На пример тука ќе ставате некои видеа од колку е добар телефонот Галакси С4, за другите моб. телефони Самсунг, кој е најдобар телефон, што се може и други работи!!

:D
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
818
535
1,103
31
Скопје
Ај да прашам што е попаметно да земам Самсунг Ѕ3 или Самсунг I8260 Core ? И колку е паметно да се купат од амц или нептун ?