Revox и Revuele производи

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Последнава година дена отприлика, овие серуми станаа можеби и најпопуларните во државава бидејќи се со многу пристапни цени (околу 300 денари, па и помалку кога се на попуст), а даваат доста добри ефекти.

Ко некој што почна подобро да се разбира и грижи за кожата, можам да кажам дека сум презадоволна од резултатите кои ги гледам.
Мислам дека единствено од Revox ми остана да ги пробам BHA, Caffeine и Glycolic Acid, но засега не ми се потребни пошто салицилната киселина ми е добра BHA, а кофеин и гликолна некако не ми се совпаѓаат во рутината што ја развив.
Од Revuele имам само два moisturizing серуми пробано, двата се на база на природни масла и ми се допаѓаат.

Користите ли некои од овие во секојдневната нега на кожата?
Како ги комбинирате, а што избегнувате?