Netflix | Нетфликс (општа дискусија, предлози, проблеми)

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Потреба од вовед и нема некоја, нема кој не е запознаен со оваа стриминг платформа, ама ја отворам темава пошто често имам предлози за серии или крими документарки што се баш оттука, па да стојат на едно место.

Океј, ко и секоја извикана платформа, имаат доста утки и непотребни ствари, но ми се допаѓа што постојано работат на тоа да откупат и внесат што повеќе филмови во датотеката, а не ми се допаѓа што некои серии и филмови ги прават limited time only, па демек тоа што ги ставиле Френдс на месец дена, ќе натера некого да се претплати покрај толку бесплатни опции.

Како и да е, имаат па и многу свои добри филмови и серии, од кои би ги издвоила You, Ratched, Black Mirror, The Witcher, Bojack Horseman, The Haunting of Hill House и The Haunting of Bly Manor, итн., а мислам дека им нема рамни за крими документарки. Од што имам преголеми очекувања секогаш на тоа поле, некогаш и сосема солидна (нивна) документарна серија ми е просечна.
Тука некаде се и stand-up specials, навистина се трудат да дадат шанса на секого што мислат дека го бива.

Е, сега, најлошото е што јас какви соништа имам, баш се за во нивни епизоди/серии, ама морало само преку нивен овластен адвокат да ги контактираш. Епа нека останат во мрак. :zelen

Well... shoot.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Освен Black mirror останативе не ми се познати, ова е платформа пеј пер вју или?
(damn im so old :D сеуште торент трекери ми се основа на гледање филмови, серии, документарци)
 

ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
417
709
1,103
Освен Black mirror останативе не ми се познати, ова е платформа пеј пер вју или?
(damn im so old :D сеуште торент трекери ми се основа на гледање филмови, серии, документарци)
Торент РУЛЗ. Искрено не гледам прочина да се плаќа нешто месечно (иако може да се делат трошоците) кога го имаш истото без пари преку торент тракери. Обично се е достапно на торент, и кај нас интернетов не е регулиран, така да можиме да си спуштаме торенти без проблем. Е сега да живеам во странство, кај шо скоро се е регулирано и се наебува јако за спуштање тогаш сигурно би се претплатил, мада со добар Впн и спуштањето е возможно
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and Outrider

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Освен Black mirror останативе не ми се познати, ова е платформа пеј пер вју или?
(damn im so old :D сеуште торент трекери ми се основа на гледање филмови, серии, документарци)
ППВ е, да. Околу 10-15 евра е претплатата, ама рачунај дека со другарка се шлепаме на швајцарскиот акаунт на татко ѝ. Човекот си плаќа, а не гледа често, иначе... :D
Сега, навистина квалитетот на слика е многу подобар отколку на Стримио кога гледам, макар било и 1080, а ми одговара и што не троши многу интернет Не сакам да бирам помеѓу 2 пиксела квалитет и трошење 6-7 гб за симнување филм што максимум 2 пати ќе го изгледам.
All in all, секако дека се живее без него, само ете, наместо да барам по листи, форуми и сајтови што да гледам, самото ми дава предлози базирано на што сум гледала и што ми се допаѓа, мое е плеј да удрам само.
Дали би плаќала сама... најверојатно не.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
ППВ е, да. Околу 10-15 евра е претплатата, ама рачунај дека со другарка се шлепаме на швајцарскиот акаунт на татко ѝ. Човекот си плаќа, а не гледа често, иначе... :D
Сега, навистина квалитетот на слика е многу подобар отколку на Стримио кога гледам, макар било и 1080, а ми одговара и што не троши многу интернет Не сакам да бирам помеѓу 2 пиксела квалитет и трошење 6-7 гб за симнување филм што максимум 2 пати ќе го изгледам.
All in all, секако дека се живее без него, само ете, наместо да барам по листи, форуми и сајтови што да гледам, самото ми дава предлози базирано на што сум гледала и што ми се допаѓа, мое е плеј да удрам само.
Дали би плаќала сама... најверојатно не.

Па не мора 6-7 гб јаска по старо наоѓам одлични снимки од 700мб до 1,4гб по торенти...да се заштеди на меморија ок после извесно време ги ставам на двд и ослободувам место...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Па не мора 6-7 гб јаска по старо наоѓам одлични снимки од 700мб до 1,4гб по торенти...да се заштеди на меморија ок после извесно време ги ставам на двд и ослободувам место...
Јас станав од испрдените што „не можат“ да гледаат послаб квалитет пошто се навикнав на Нетфликсов.
Ама пак ќе речам, да не беше туѓ, супер ќе ми беше и Стримио или Попкорн Тајм. :zelen
Многу ми е подобро што не морам да симнувам, претрупан ми беше стариот компјутер, а немам навика да режам на ЦД или префрлам на УСБ. Сега новиве лаптопи и немаат ЦД слот...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Океј, An Astrological Guide for Broken Hearts е пресимпатична италијанска серија!
Сосема случајно решив да ѝ дадам шанса пошто немам гледано многу италијански ствари и баш ми остави фин впечаток. Мислев дека ќе е цело време некое тупење со хороскоп (не дека нема де), ама многу убаво склопиле да не стане досадно. Пријатна актерска екипа, никој не ме нервира, што е многу битно. :D