Everybody Hurts...

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Ужасно е тоа кога нас можат да не повредат некои мали ситни неважни зборови и таа како наизглед ситница може да продре длабоко во нашата свест,душа ,а остава длабоки траги по нас.Мислите ли дека постојат рамнодушни,незаинтересирани,непордуховени личности на коишто ама баш ништо неможе да ги растажи коишто немаат сочувство со туѓата болка,среќа,коишто ништо неможе да ги спушти долу,коишто туркаат напред без опрезност и слично.Дали мислите дека такви те луѓе се само пред јавноста Ахил,а внатре во себе и тие имаат тажна приказна и моменти коишто можат да ги растажат.Дали сте имуни на тагата,болката колку една ситница може да ве повреди?Што мислите за луѓто што немаат никакво перде на јазикот што можат се и сешто да шљапнатн некому дали и тие би се чувствувале инфериорно кога истото и нив некој би им го кажал.Дали секој човек крие тажна приказна во себе и секој човек потклекнува на предизвикот кога тогаш или ..............
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
What doesn't kill you makes you stronger. Нема човек што нешто не го повредува. Дури и најладнокрвните и најмеланхоличните луѓе, имаат слаба точка. Во принцип, тешко може некој да ме повреди, а особено со безвредни навреди и критики. Порано полесно беше, но изгледа сум излегла од таа тинејџерска фаза кога се сфаќаш лично. Инаку, многу сум сочуствителна со туѓата тага, болка и немаштија, но таков е животот, мора да има рамнотежа во светот.
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
И најмала ситница може да ме повреди.Многу емотивна личност сум е*аго.Морам нешто да променам,вака повеке не иде.
Мислам дека не постои личност што не може да биде навреден од нешто или некој па колку и да се труди да изгледа дека не се замара.Сепак длабоко во душата го боли.Никој не е од камен,а колку и да се обидува да докаже дека е силна таа личност сепак мислам дека на крајот ке потклекне на чуствата.
Еве ке се земам самата себеси за пример,кога имав 16 години колку и да глумев дека сум океј,колку и да сочуствував со болката која ја имаат другите и делев совети како да се справат сепак јас успеав да паднам во депресија а оние околу мене да излезат побрзо од тоа додека јас се мачев.
Се што беше упатено кон мене ме расплачуваше.Секоја ситница и разделба.Сега не се потресувам толку ама емоциите сепак на крај излегуваат на виделина.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,477
9,164
1,683
Кушкундалево
Јас во меланхолијата наоѓам многу инспиративни моменти. Всушност тоа е единствениот момент кога имам премногу инспирација. Токму поради таа причина сакам кога сум меланхоличен и правам нешта кои иако знам дека се лоши за мене, сепак ги правам.
Имун сум на туѓа тага, болка, среќа и такомунатаму...едноставно не можам и не сакам да сочувствувам. На погреби не можам да заплачам и не ме прави тажен тоа што гледам стотици тажалки и тажачи насекаде околу мене. Честопати одбегнувам да кажам нешто само затоа што знам дека ќе навредам некого многу, но понекогаш не можам да издржам а да не кажам такво нешто. Често сум ги довел до прашање многу личности зошто живеат, што очекуваат од животот и дали навистина сакаат да бидат тоа што се денес (не зборувам за копиљаци од 15 години кои вчера излегле на улица и ќе креваат револуции низ светот) и сите до еден се замислија и ме одбегнуваа некој период. Кон многу работи сум рамнодушен, а кога чувствувам нешто многу малку изразувам чувства.