Ете кога ти е досадно што се можеш да најдеш. Не ни знаев дека имало тема за серијава.
Ова ми е прва аниме серија која сум ја изгледал, и беше предобра. Значи сериозно, многу добра серија. Почетокот нормално не може да е перфектен бидејќи се запознаваме со целата приказна, но понатаму е перфекција. Јас секогаш кога имав време, гледав по 3-4 епизоди наеднаш. Некогаш и навечер ќе се заборавев гледајќи и сабајле ќе се успиев.
Како што поминуваа епизодите претпоставував што ќе се случи. Како што пишав во темата за аниме, секогаш тоа им се случувало на таквите ликови. Мене искрено малку ми беше жал на крајот.
Омилен лик ми беше Ryuk, едноставно таквите ликови ми биле секогаш омилени во сериите. Моментите кога бараше да јаде јаболка ми беа смешни.
Супер серија, ќе си ја репризирам пак.
Музикава не е лоша.