1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Blondie

Дискусија во форумот 'Групи' започната од Outrider, 21 февруари 2016.

  1. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Има теми за разни бендови и изведувачи па редно е да се направи уште една.

    Обично раја има наклоност кон разни легендарни бендови од минатото, разни битлси, стонси и цепелини а јас како музички скромно едуцирана особа пред неколку години бев фасциниран од еден бенд од седумдесеттите по име Блонди.
    Без сомнение најдобар бенд во историјата, барем во овој дел од observable universe, а можеби и во мултиверзумот.

    Малку жанровски недефинирани, се споменува рок, панк-рок, пауер-поп а богами и њу вејв во описот на нивните песни. Основани во 1974 а постојат и ден денес иако се во поодминати години, издадени десет студиски албуми (пошто лајв албумите се превара) и не знам колку синглови. Растурале во седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите а можеби некој ќе се присети на нумерата `Марија` од крајот на деведесеттите која често беше пуштана по угостителски објекти на овие простори (макар да тоа не е тоа, тогаш беа веќе остарени и дебели).

    Фронтмен им е Дебора Хари, екс-келнерка која со помош на својот дечко си оформила бенд, страшно секси женска особа од времето пред силиконите, колагените и пвц-столарија.
    Негува чуден треш имиџ, мешавина на панкерка и тротоарка но тоа и не е битно, битен е гласот кој делува истовремено оргазмично-плачливо со мали примеси на дрскост.

    Останатите пет члена на бендот се машки особи кои делуваат како исфрлени од поплава, како собрани од улица и ставени на сцена.

    Прекрасен, елегантен, понекогаш меланхоличен понекогаш еуфоричен понекогаш сензуален звук, темите се разни од класични меѓуполови недоразбирања па се до социјални ситуации.
    Атомик, Шејла, Харт од глас, Кол ми, Дриминг, Дени, Јунион сити блуз, Ексидентс невер хепен, Икс-офендер, Слоу моушн, Хенгин он д фоун, Ин д флеш, Ливин ин д риал ворлд се само дел од песните кои необично ме развеселуваат или предизвикуваат лагана меланхолија.





    Како и да е, немам видено поголем Цар на музичката сцена од Дебора Хари!
     
    На Хоуп* и lady_blue им се допаѓа ова.

Сподели: