Дали си талкач,што само минува низ мене и остава трага ? Дали си ангел кој ме чува и штити од овој блесав свет? Дали само помислуваш на мене и мислиш дека ме сакаш или пак навистина тоа го мислиш и навистина ме сакаш? Дали бараш она што се вика љубов,она за што сите мудруваат,бараат и никако да најдат мислејќи дека нашле? Дали ме гледаш како сродна душа или како кукла со која го живееш моментот па дури и моментите но не за долго? Дали си спремен да ме чекаш,моиве години да одминат, да созреам додека можеби незнаејќи ти дека јас созревам со тебе,љубен мој? Дали очиве мои се доволно искрени да ја видиш сета љубов што исцрпно се обидувам да ти ја покажам со моево срце, бидејќи зборовиве како што велат не се ни толку битни? Дали знаеш дека правиш да беснеам но со истата сила ме скротуваш до мојата најниска граница на милост? Што си ти ?