Што ве научи животот?

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Животот ме научи да не верувам во ништо сто процентно..ме направи несигурна и секогаш со мисла дека некои работи може да ми ги уништи за помалку од секунда...неможам никогаш да и се препуштам потполно на среќата, мора да тлее нешто непознато:(
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Да го измиеш лицето со љубов секое утро и навечер пред да заспиеш да му кажеш благодарам на денот што замина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Prashina

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
На тоа дека
1. Има два вида на луѓе. Првиот вид се оние што постојано се жалат и не прават ништо, а вториот вид се оние што прават нешто да ги решат проблемите.
2. Не е срамота да се побара помош.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: antonio

-alf-

Староседелец
28 август 2015
346
158
1,053
92
Ме "научи"(принуди) да умрам, а смртта ме научи многу повеќе за "животот".
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Колку и да звучи излитено но треба да уживаме до максимум во убавите мигови на мир, среќа, љубов и што и да е, зошто не траат долго, нема константа, зошто знаеш дека кај и да е ќе следи некој прекин. После лош период си велиш ќе дојде подобро, ќе биде подобро, мора, и биднува најчесто, поминува, така е и кога е во прашање убавото, и тоа поминува. Животот знае убави шамари да мава.
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Животот ме научи да не сонувам многу и да му верувам на инстиктот. Да не му верувам на зборовите, повеќе на делата.
Животот односно мојата последна врска ме научи, дека колку и да си добар, сепак таа ќе најде 100 причини за да те откачи, пошто и здосадило веќе.