Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Животот ме научи да не верувам во ништо сто процентно..ме направи несигурна и секогаш со мисла дека некои работи може да ми ги уништи за помалку од секунда...неможам никогаш да и се препуштам потполно на среќата, мора да тлее нешто непознато
На тоа дека
1. Има два вида на луѓе. Првиот вид се оние што постојано се жалат и не прават ништо, а вториот вид се оние што прават нешто да ги решат проблемите.
2. Не е срамота да се побара помош.
Колку и да звучи излитено но треба да уживаме до максимум во убавите мигови на мир, среќа, љубов и што и да е, зошто не траат долго, нема константа, зошто знаеш дека кај и да е ќе следи некој прекин. После лош период си велиш ќе дојде подобро, ќе биде подобро, мора, и биднува најчесто, поминува, така е и кога е во прашање убавото, и тоа поминува. Животот знае убави шамари да мава.
Животот ме научи да не сонувам многу и да му верувам на инстиктот. Да не му верувам на зборовите, повеќе на делата.
Животот односно мојата последна врска ме научи, дека колку и да си добар, сепак таа ќе најде 100 причини за да те откачи, пошто и здосадило веќе.