Море, да ме видите мене како ги пукам.
Имам неколку пати фрлано, од кои првите 2-3 само ќе ја допрев до кибрит/запалка и ќе ја фрлев моментално од страв...нормално, без резултат.
Ама не гледам апсолутно никаква сатисфакција во тоа, дури и дебилно изгледаат некои. Ајде овие до 15ина години ќе ги сфатам, али кога ќе видам волиња што се некаде колку мене, а се понашаат ко крелиња и фрлаат петарди пред нозе на луѓе или во животни и се церекаат - крај, триста муабети за петарди во нелагодни места ми идат да кажам, али ај.
Пред некоја година, се најде еден паметен на една постара женичка од овие што продаваат балончиња и украси по плоштад, да ѝ лупне петарда во капа и се оддалечува и се клешти. Каков морон треба да си да не размислиш дека озбилно може некому да наштетиш, бар слухот, во најмала рака.
Среќа се најде дечко брзо да изреагира, па кога го подбра крелево, не знаеше кај да бега.
Со себе прави што сакаш, пукај, фрлај, во нос ставај по две...ама ме знам, мене ми е дебилно некого да го исполнува тоа што исплашил човек или му нанел материјална штета.