Членови со сменети никови

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Аркантос - премина во --Асклепиј--
Аркантос потекнуваше од една видео игра што многу ја сакам, но некако...како да не се чувствував добро со тој ник.
Асклепиј е пак бог на алтернативната медицина во грчката митологија, своевремено го користев за влегување на еден чат, па на блог, па на скајп. Во чест на мојата девојка сегашна жена... бидејќи студира медицина, а воедно и поради сторијата на Асклепиј. Асклепиј е син на богот Аполон и смртницата Коронида, изваден е од нејзината утроба откако Аполон ја убил, а потоа го дал на овчарите. Таму тој „се здружил“ со билките и со змиите и научил техника да лекува и оживува. Успеал да оживее многу луѓе меѓу кои и неговата мајка, Ахил, Херкулес и многу други. Хад му се пожалил на Зевс бидејќи му го нарушувал царството на подземјето да му помогне да се ослободи од Асклепиј.
Арно ама, Асклепиј здружен со змиите кои му го штителе левото рамо кое е патем единственото ранливо место на овој во тој миг полубог, успевал да си го менува ликот и му пркосел на Зевс кој не можел да го лоцира.
Сепак на крајот успеал, пуштил солен дожд да ги избрка змиите, па со молња го убил Асклепиј.
НО, тука не бил крајот. Асклепиј повторно оживува и се здобива со свое место на планината Олимп.
Неговата издржливост, желбата да оживее некои личности... се уште една причина зошто сакам да ми биде овој митолошки лик - мој ник :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Аркантос си игра играчки со никовите, од досада не од нешто друго :)
Ама бар не шетам низ теми. Повторно е земен од митологијата. Овој пат најмногу поради неговото драматично сликање во Вергилиевата Енеида, како на грб го изнесува својот син Енеј(главниот лик од претходно спомнатиот еп).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Saladin

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Polosa opcija zdravje.No ova po ispolnuvanje zelba na clenovi.Kazav ivo drugata tema mislejki deka za ovde imam uste zabrana.Se gubi smisolot na mnogu postovi i diskusii.Koga vleguvas posle odredeno vreme na forumov si dezorientiran radi iminjava uste poveke.

Da prasam,ova hip hop e stariot hip hop ili?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Polosa opcija zdravje.No ova po ispolnuvanje zelba na clenovi.Kazav ivo drugata tema mislejki deka za ovde imam uste zabrana.Se gubi smisolot na mnogu postovi i diskusii.Koga vleguvas posle odredeno vreme na forumov si dezorientiran radi iminjava uste poveke.

Da prasam,ova hip hop e stariot hip hop ili?
Нема дезориентација мелчи, си ја ставаш темава у букмаркс и ќе си ја проверуваш почесто. :D
Инаку стариот Хип.Хоп е. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena