Се ближи календарски новата година, времето кога ќе кажеме дека Земјата свртила уште еднаш околу Сонцето. Не баш по истата патека ама свртување си е свртување. Како ќе ја испратите старата година, односно што значајно ви се случи во старата година? А што очекувате од новата година? Некоја посебна желба? 
Да тргнам од себе, мене не ми се изнаслучија ни многу работи, а тоа што ми се изнаслучи не е баш некакви успеси. На факултет тиња, освен еден предмет другите ми беа чиста досада. Не си најдов работа. Не собрав пари за да си купам магнети за гитарата што планирам да си ја направам сам и не ги направив дисторзиите што ги планирав. Не дочекав некоја квалитетна свирка за да ја запамтам. Не отидов на одмор, скоро досадно лето, досадна есен... Можеби ќе ја паметам како најдосадната година до сега (во последно време секоја година ми станува најдосадна). Добив филџан за кафе и станав админ тука, ете тоа е можеби единственото позитивно годинава (не за сите, ама за мене е).
Од годината што доаѓа... не очекувам ништо посебно и немам некоја желба посебна освен да завршам со факултетот што и не е баш некоја желба.