Стварно не ми се јасни луѓево, пред се со протестот на анима муда и слични... па добро бе сите што се против мачење на животните, нели јадете месо? Не носите кожа евентуално крзно? Тоа месо што скоро секој ден го јадете на било кој начин сигурно не е доброволна донација од животното... По таа логика не е мачење на животните што се во зоолошка? До кога со овие хипстерски глупости не ми е јасно... Како да ни цвета општествово па за тоа се фатиле. Или модерно е да се биде за правата на животните? Да не се разбереме погрешно и ја сум против убивање на животни кои се загрозени видови и слично, ама со мерак ќе идам во циркус да гледам какви глупости ќе прават мајмуните и какви финти ќе прави слонот. Најголем дел од лековите и козметиката се тестира на животни, па како што гледам никој не се буни за тоа туку кога ќе се разболи пие апчиња а не се лечи само со билки... Не се фурајте на такви глупи западњачки занесувања, идете си во циркус, јадете си скара, make love and be happy...
А кога веќе се протестира за нешто да се смени, подобро да се протестира против поскапувањето на све можно (најверојатно и воздухот ќе ни го поскапат кај и да е)....
А кога веќе се протестира за нешто да се смени, подобро да се протестира против поскапувањето на све можно (најверојатно и воздухот ќе ни го поскапат кај и да е)....