Циркус

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Ја отворив темава инспириран од циркусов во градов и најавениот протест пред циркусот за заштита на животните !
Секој од нас барем еднаш посетил некој циркус некаде, некој бил задоволен, некој презадоволен , некој може очекувал слоновите оган да фрлаат од нивните сурли ,па се разочарал ... како и да е, ме интересира дали го подржувате циркусот, дали ве исполнуваат акробациите на животните, дали сметате дека времето поминато во циркус (како посетител) е забавен, дали им се воодушевувате на животните и нивните настапи ? - верувам повеќето ке одговорите со позитивен одговор, но што точно ме интересира:

Дали знаете како тие животни станале циркузантски актери, како патуваат, како живеат, кој е нивниот пат до таквиот "успех", што точно им се дешава пред да излезат на сцената и да ја задоволат публиката ?

прошетав малце низ youtube и најдов интересно видео за тоа како ги "подготвуваат" слоновите уште од мали нозе да бидат циркуски актери


дали ние заслужуваме некој друг да пати за нашето задоволство и забава
и да оставиме поединци да ги скротат за да заработат повеќе пари или треба да го подигнеме гласот против ваквиот пристап со животните?

какво е вашето мислење околу ова ?
 

Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,916
393
Fukushima
www.gonzo.com
Ова циркус нешто најглупо што постои, мислим ова било интересно пред пичкљарда години таму некои ѓупци го измислиле за да праат некои фешти и кеш пошто немало звезде гранда и концерти на Харис Џиновиќ и се забављале со циркус. Сеа циркус има сегде, целата држава е циркус, ние сме циркус невиден, додуша ние сме ко животињиве. Јас сум против држење у заробеништво на животињи како што е формата наречена зоолошка градина, а не поготово циркус. (n) ја ни канаринец не би чувал у кафез
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Циркус е јака ствар, поготово овој низ град што се одвива. Мене најинтересно ми беше еднаш ко присуствував на таков циркус, пиев кафе во тие чаршиските кафичи и вака беше. Им дал градоначалникот дозвола за да ги прошетаат тие слоновите низ чаршија, па излгеда овие слоновите туку што јаделе, а знајш слон ко слон брз метаболизам, кога почнаа луѓе да бомбандираат по тие плочките, абе мислиш нагазни мини со дијаметар 50 сантими, како шахтите слично. Е позади овие слоновите, идат тука одма фуфиците од градот со тие големите штикли и некој акробатски вежби уз движење како на јаже да си ги качил + ги одбегнуваат мините и ради атмосфера за публиката се смешкаат... па одма после нив некој си огромни напумпани фаци од дијаспората се гледаше по облеката, ја изведуваат точката пување пред балканштината и бркање женски без да ги фатат...ама еден од тие најголемиот фраер кога се зацапа низ тие лепешките, ја напрај најжалната и најнервозна фаца и кога рече: ај факинг шит ... е поголем циркус од тоа неам видено.
 

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
26
Куманово
Бија сам само едн пут у циркус и тој у 1-2 одделение, и беше толко глупо и смотано, нема зборови како би могаја да ви га опишу тој. После доваѓа ама ја нејќеше да иду и пред неколко месеца имаше тј Сафари и бш сакаше да иду пошто не сам бија одамна и кт виде 400 денара карта, кажа ја сам никад више нема ни да помислу да иду у циркус и такој ке си остане. А тој што ги малтретирав животни тој друго.
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Не сум била и не ни сакам да идем. Како и другите членови што си имаат причина, си ја имам и јас. Позабавен циркуз ми се људиве наоколу што ги имам секој ден + не плаќам влезница:):)
Не сакам да гледам како некој ги експлоатира животните за т.н. “шоу“....
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Зоолошки градини,циркузи....скоро иста работа.
Не ги посетувам од една иста причина.
А таа е?:)
Сум била на циркус како мала и нормално сум се воодушевувала на животните како ги праваат сите тие потези,акробации,движења.Но, не е океј некој да биде измачуван за наше задоволство,така да сум за тоа да нема животни во циркусот,доволни се магионичарите :) Интересна работа е,кога има на тв си гледам ради магиите што ги прават.
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
имаше пред 2 месеци во паркот кај мене циркус ама не бев затоа што не ми е интересно воопшто кога знам дека ги измачувале животните за мое задоволство а и никогаш досега не сум посетила циркус а и нема ни и да посетам некогаш..