Цена

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Сега вака, средувањето дали за мене или не, ти го одзема секогаш приближно истото време. Тоа потрошено време резултира за твојот изглед, а ако сакаш мене да ме импресионираш, посебно ќе потрошиш плус време за ефектот да биде посигурен. Ние времето го трошиме за работа (за поквалитетен живот) и на хоби (за да си го направиме поинтерено времето).
Е сега тука да не го успоруваме и законот за релативитет, на пример доколку си на работа 8 часа, си потрошила 8 за што повеќе ја мразиш работата ќе ти изгледаат како 10 или повеќе. А ако потрошиш време со мене или на кафе или на шопинг подеднакво 8 часа ќе ти изгледаат како 4 или помалку. Времето јас го претставувам како фиксно и варијабилно, тоа се зависи од тој феноменалениот закон за релативитет. Значи без разлика што и да правиш секундите , минутите, часовите..... во целиот свет подедеднакво поминуваат, но како го поминуваш е тука е варијабилноста (дали ја чуствуваш брзината на времето или дали ти претставува како имагинација, ирелевантно- небитно)...сето тоа зависно како го исполнуваш.
во ред, не спорам за времето како такво
туку гледано од друг аспект
ајде вака - дали животот се мери со време?
да, велиме тој и тој живеел 70 години
но, колку навистина живеел?
постоењето се мери со време, тоа го прифаќам
цената на било што е количината на живот кој за тоа си го разменил - така вели мислата горе
значи количина на живот
дали живот е исто што и постоење?
постоење е да те има, да си присутен, да дишеш
за мене живеење значи чувствување
количина на живот ми значи количина на чувства
па би рекла вака - цената на било што е количината на чувства која сум ја вложила
е сега тука има друг момент
додека времето се троши и не се враќа назад, чувстата се однесуваат поинаку
можат да се трошат без обновување, но можат да се трошат со обновување
времето е само бројка која се намалува и троши, еднонасочно
количината на животот не може да се сведе на бројка, не може да се сведе на еднонасочност
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
lady_blue
„The price of anything is the amount of life you exchange for it.“- Henry David Thoreau

Мене ова ме води во друга насока да размислувам. Пример Петко работи некаде и има дневница од 400 ден. (50 ден/час) Петко оди во продавница и сака да си купи пилешки стек кој чини 200 ден. За него тоа се 4 часа од неговиот живот. Значи 1 kg стек за петко вреди 4 часа. Поголема плата, помалку ќе вреди стекот. Па така цената на се` што плаќаме со пари е дел од нашиот живот.
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
во ред, не спорам за времето како такво
туку гледано од друг аспект
ајде вака - дали животот се мери со време?
да, велиме тој и тој живеел 70 години
но, колку навистина живеел?
постоењето се мери со време, тоа го прифаќам
цената на било што е количината на живот кој за тоа си го разменил - така вели мислата горе
значи количина на живот
дали живот е исто што и постоење?
постоење е да те има, да си присутен, да дишеш
за мене живеење значи чувствување
количина на живот ми значи количина на чувства
па би рекла вака - цената на било што е количината на чувства која сум ја вложила
е сега тука има друг момент
додека времето се троши и не се враќа назад, чувстата се однесуваат поинаку
можат да се трошат без обновување, но можат да се трошат со обновување
времето е само бројка која се намалува и троши, еднонасочно
количината на животот не може да се сведе на бројка, не може да се сведе на еднонасочност

Прв болд. 70 години и на марс и на земјата се исти односно тоа е еднакво на 840 месеци 25 550 денови, 306 600 часови. Така да тој живеел 70 години според мене, а и да направиш анкета на истово 100% ќе добиеш ист одговор од луѓето со просечна интелегенција.
Втор болд. Не секој човек се соживува со исти чувства. На накои луѓе ги исполнуваат парите на некои љубовта, на некои семејството, на некои работата, некои се повеќе емотивни а некои помалку. Не секој човек има иста судбина, тоа е рандом но законот за релативитет не може да се побие, кај секого е ист.
Трет болд. Според тебе безчуствителните, ладнокрвните ликови не се богати односно не плаќаат ништо во животот?(shake)
Четврти болд. Точно дека времето се смета во бројки, меѓутоа и се во светот е претставено во бројки, секое едно нешто си има своја формула, не за џабе математиката е основна наука во целиот свет. Само човековата глупост и универзумот се бесконечни, се друго може да се пресмета и претстави во бројки. Секогаш кога ќе го поставиш прашањето со зборовите : кога или колку, присетисе на времето и на бројките. Па дури и кога ќе речеш на некој те сакам, клише прашање ти воздраќа колку ме сакаш?
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
The_Mayor те сакам 45 724,33(8)
:)
океј, сѐ е математика, формули и бројки
освен чувствата
на прашање колку ме сакаш следат одговори: малку;многу; најмногу; до небото и назад; повеќе од себе; повеќе од својот живот итни. итн
но, добро
ќе го гледам филмот па ќе прајме муабет пак
оти вака малку се разминуваме, јас сакам да те насочам во друг правец, а ти си под силна импресија на приказната од филмот :)

ГоспоТ добро, таа насока ја разбирам
но, се однесува само на нештата кои се плаќаат со пари
значи во зависност од платата, одредуваш колку ти вреди времето, па понатаму ја одредуваш цената на „сѐ“ во новата валута
Е сега, кога вели anything јас намерно помислувам буквално на сѐ. Велиме дека некои нешта се бесценети. Но, јас сакам, имајќи ја на ум почетната мисла, да најдам таква мерка, со која ќе можам да одредам цена на сѐ. На пример која е цената на љубовта? Дека е непроценлива и со пари не се купува, тоа ми е јасно.
Но дали тоа значи дека љубовта не се плаќа?

Велиме и вака - Сѐ се враќа, сѐ се плаќа.
Како? Со што? :)
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Мерната единица на животот е љубовта. Дефинитивно.Со љубовта почнува се горе наведено.Зборуваме за живот во вистинска смисла на зборот.
Под љубов не ја дефинирам онаа романтична љубов кон еден партнер туку севкупната љубов која ја носиме во себе. Љубовта не воздигнува и таа не уништува.Се започнува и завршува со љубовта.И животот се мери со тоа колку љубов си вложил во она што правиш,создаваш, твориш.
Како вика Џони Деп во Don Huan..
во животот има 4 прашања поврзани со вредноста на животот чиј одговор е љубов..

Four Question of Value in Life:
 
Последна промена: