Цена

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
(или вредност?)
.
„The price of anything is the amount of life you exchange for it.“- Henry David Thoreau
.
Ме замисли.
Ако е така, тогаш која е мерната единица за живот?
Време?
Насмевка?
Солза?
Трпение?
Желба?
Волја?
Упорност?
Истрајност?
Сето тоа заедно, во едно?
Или пак нешто сосема друго?
Како се одредува износот, квантитетот, големината, величината, количината на животот разменет за нешто, за да може да се каже дека тоа и тоа чини ( или сепак – вреди?) толку и толку ?
 
emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Волја..ако немаш волја за нешто не бива. Нормално дека некои работи правиме без волја ама не ги правиме како што треба.
За успешен живот е потребна волја, желба..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: - Dee Dee -

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
За време се мисли. Ти го препорачувам филмов преку содржината ќе го разбериш одговорот на твоето прашање. Башка и одличен е за гледање.;)
го знам филомот, не сум го изгледала сеуште, но ќе
сепак не знам дали би се согласила дека мерната единица е време
оти ако прерачунаме колку време на што трошиме и ако ги споредиме резултатите, ми се чини дека ќе испадне дека најмногу време трошиме на спиење и јадење, а могу помалку на бакнување и водење љубов.
ако мерката за вредност е време, односна ако цената се одредува со време, тогаш испаѓа дека спиењето е повредно од бакнувањето, односно дека јадењето е повредно од сексот. м?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and - Dee Dee -

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој

Колку а многу не се согласувам со болдот, знаеш и самата дека тоа не сум јас.
Што и да правиш во животот , врмето не се запира. Така да има премногу начини и примери дека се се пресметува во време.
Најдобрите примери ќе ги пронајдеш во филмот, видео и аудио е подобро одколку да ги изнесувам јас во текст.
Иначе никој не кажа дека е поважно кој е правилен и подобар начин на искористување на времето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: - Dee Dee -

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Колку а многу не се согласувам со болдот, знаеш и самата дека тоа не сум јас.
Што и да правиш во животот , врмето не се запира. Така да има премногу начини и примери дека се се пресметува во време.
Најдобрите примери ќе ги пронајдеш во филмот, видео и аудио е подобро одколку да ги изнесувам јас во текст.
Иначе никој не кажа дека е поважно кој е правилен и подобар начин на искористување на времето.
Добро, нека е така. Мерката нека е време. Остај го филмот, да се базираме на реалниот живот.
Имам дилема. Обично цената е соодветна на вредноста, односно колку е нешто поскапо, толку е повредно.
Но, дали е така?
Не е. Тогаш времето и не ми одговара како мерка за вредност. А тоа сакам да го дефинирам.
Значо која мерка би била соодветна за да можам според неа да ја одредам вредноста соодветно?
Да речеме пр. вечер ме носиш во диско. Трошам цел ден за да се дотерам и да бидам убава. А со тебе минувам 2 часа.
Ако плаќам со потрошено време, што всушност сум платила?
Убавината? Или тебе покрај мене?
Потрошив повеќе време на разубавување, значи убавината ја платив поскапо. Потрошив помалку време со тебе, знати твоето друштво го платив поевтино.
Ама вредноста на двете не вели така. Или вели? :)
 
Abe CreP

Истакнат Член
14 февруари 2012
111
84
328
28
5 Збора... Со пари се се купува :)
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Мирот во душата,за мене е цената на животот.
Ако ја имам вољата,правилно ја насочам упорноста,ако ми се исплати истрајноста,времето рационално искористам,им се знае местото на солзата и насмевката,желбите ги сведам во сооднос со можностите,ако успеам да ја возвратам љубовта,посветам внимание на најблиските,ако имам искрени пријателства,помогнам каде што сум потребна,примам помош која ми се нуди...дури тогаш сум успеала да ја платам "цената".
А кога душата е спокојна,животот е убав.
ми се чини дека ќе испадне дека најмногу време трошиме на спиење и јадење, а могу помалку на бакнување и водење љубов.
ако мерката за вредност е време, односна ако цената се одредува со време, тогаш испаѓа дека спиењето е повредно од бакнувањето, односно дека јадењето е повредно од сексот. м?
Точно дека најмногу време трошиме на овие работи,но нели тие се основните потреби за да може човек да преживее,и единствено во нив сите сме идентични,нема кој од нас не го прави ова.
Како нужна работа во преживувањето,не би ги ставила овие работи,во сооднос со било што друго што правиме во животот.времето за овие две работи неможе да се скрати.од нив зависи здравјето,а здравјето е неминовно за да можеме да ги "платиме" другите работи непречено.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Добро, нека е така. Мерката нека е време. Остај го филмот, да се базираме на реалниот живот.
Имам дилема. Обично цената е соодветна на вредноста, односно колку е нешто поскапо, толку е повредно.
Но, дали е така?
Не е. Тогаш времето и не ми одговара како мерка за вредност. А тоа сакам да го дефинирам.
Значо која мерка би била соодветна за да можам според неа да ја одредам вредноста соодветно?
Да речеме пр. вечер ме носиш во диско. Трошам цел ден за да се дотерам и да бидам убава. А со тебе минувам 2 часа.
Ако плаќам со потрошено време, што всушност сум платила?
Убавината? Или тебе покрај мене?
Потрошив повеќе време на разубавување, значи убавината ја платив поскапо. Потрошив помалку време со тебе, знати твоето друштво го платив поевтино.
Ама вредноста на двете не вели така. Или вели? :)

Сега вака, средувањето дали за мене или не, ти го одзема секогаш приближно истото време. Тоа потрошено време резултира за твојот изглед, а ако сакаш мене да ме импресионираш, посебно ќе потрошиш плус време за ефектот да биде посигурен. Ние времето го трошиме за работа (за поквалитетен живот) и на хоби (за да си го направиме поинтерено времето).
Е сега тука да не го успоруваме и законот за релативитет, на пример доколку си на работа 8 часа, си потрошила 8 за што повеќе ја мразиш работата ќе ти изгледаат како 10 или повеќе. А ако потрошиш време со мене или на кафе или на шопинг подеднакво 8 часа ќе ти изгледаат како 4 или помалку. Времето јас го претставувам како фиксно и варијабилно, тоа се зависи од тој феноменалениот закон за релативитет. Значи без разлика што и да правиш секундите , минутите, часовите..... во целиот свет подедеднакво поминуваат, но како го поминуваш е тука е варијабилноста (дали ја чуствуваш брзината на времето или дали ти претставува како имагинација, ирелевантно- небитно)...сето тоа зависно како го исполнуваш.