Прилепе (не)среќо моја
Народе прилепски биди без грижи
Пивофест повторно пак ти се ближи
Леб и игри посакува секој
За џепот да си го наполни некој
Пааа..к ќе го славиме алкохолизмот
И големата победа над фашизмот
Колку појче пјани глави
Толки појче пивофест се слави
Народот весел, во веселба ужива
Власта се фали, демек ја бидува
Песни и игри, кловновски паради
Политички игри и маскаради
Кој чебиди сега шо че ни пеј
Ај пак нека биди пијаниот Џеј
А ти, прилепчанецу, курназу еден
Покажисе сега колку си вреден
Сто тони пиво во литрни те чека
Работата можи малку да почека
За пивофест испи сто пивски чашки
И пак стани херој и умри машки
Еј Прилепе, друг како тебе нема
Некојпат херој, сега сармички спрема
Прилепчани пак градат споменици за своите херои. Којзнае по кој пат. Прилепчани на татковината и се потребни само кога треба да се стави нож подгрло. За возврат им даде само господ шо ќе даде. Курназ државата, курназ (будали) прилепчани.
Познато е (било само виц) дека секој трет македонец е шпиун. Првиот е војвода, вториот е комита, третиот е шпиун. Ако ги лустрираме сите нив отиде една третина од нашето народно и културно творештво опеано за вековната херојска борба за слобода.
Голем дел на нашата историја и припаѓа на славјанската доба. Си припишавме и дел од античкото доба. На ред дојде градителството во барокно доба. Наша голема желба е, се разбира, да живееме во современо доба. На крајот оваа прошетка од епоха во епоха ќе не одведе во - камено доба.
,,Јас сум ти гиспоџа Фатме. Имам пет живи деца, три су ми умрела, четири пути сум си абортирала, сега пак сум у друго стање. По питање за абортус и репродуктивно здравје на советување ќе го пратам мажми Иса да научи оти кондом и најлонче од самопослуга несе иста работа,,
Господинот Зоран Заев, председатек на СДСМ, како средство за ненасилен отпор предлага граѓаните секоја вечер во 20.00 часот да ја исклучат струјата во своите домови и така во мрак да покажат дека се незадоволни од политиките на сегашната власт. Се прашаме, кој пат ќе биди СДСМ да не фрла во мрак ?
На власта на која и се може како шо сака, од нашите архитекти побара проектот ,,Скопје 2014,, да биди изработен во бароктен стил. Но што ако на таа иста власт и текне од нашите композитори да побара да ја напишат Девета симфонија. Се прашаме како таа би звучела. Оти петтата веќе ни ја одсвирија. И ни ја запечатија судбината.
Во историските читанки за уметноста наоѓаме дека барокот во архитектурата како стил се препознавал како италијански, француски, германски, и представува наследство на цивилизацијата. Сега ова четиво треба да се надополни со барокниот стил ,,Скопје 2014,, , но како наследство на имитацијата.
Сакам турците да се вратат во Македонија. Прво. Македонија повторно ќе стани економски најсилна територија на Балканот каква што била во деветнајсеттиот век за време на Отоманската империја. Второ. Со доаѓањето на турците ќе исчезнат и проблемите од меѓунационален вид оти сите ќе не именуваат со заедничко име - раја. Трето. Турците ќе го вратат ќотекот, а овдека кај нас, моментално, многумина заслужуваат и тоа како дебел ќотек. Впрочем, ќотекот уште го паметиме.
Пивофест 2013 заврши. Слушаме, толку и толку пиво било испиено, толку и толку скара било изеено, имало толку и толку посетители и гости, толку и толку полупијани и целосно пијани. Но, никој не кажува дека се прекшени два основни закони од законот за точење алкохол со кој се забранува: точење на алкохол на лица помлади од осумнаесет години (барем половината беа на оваа возраст), и дека после 19.00 часот е забранета продажба на алкохол (токму тогаш почнуваше главната пијачка).Или ... можеби ... сега јас ептен ја претерав ... ебаго.
Грчки туристи почнале да се шетаат низ битолските сокаци, кажале дека се било нивно, појаделе малку трици и си заминале. Но, што ако низ битолските сокаци почнат де се шетаат турци и евреи. Дури тогаш битолчани ќе останат безништо и на улица. Оти, многу добро се знае чиј беше Монастир.