Овен
Во вечна трка по првото место во професијата, во спортот и во срцата на претставниците од спротивниот пол, воинствените и авантуристички расположени Овни не се луѓе кои со часови би седеле со книга в рака. Но, ако ги сакаат книгите најчесто читаат во кратките паузи меѓу бројните дневни обврски. Затоа, Овни, ги избегнувате долгите четива и романи, со исклучок на оние со авантуристичка и воена тематика, во кои редовно се поистоветувате со главниот јунак. Во весниците прво ја читате спортската страница и уживате во магазините специјализирани за автомобилизам и оружје. А, ако животот веќе ве научил дека психолошката војна е најчесто поуспешна од онаа што се потпира на силата на мускулите, тогаш сигурно ќе ги прочитате сите дела на Јунг и Фројд. И конечно, не постои Овен што нема да се најде себеси во ремек делото на Милан Кундера „Неподносливата леснотија на постоењето“ или во “Авантурите на Казанова“.
Бик
Цареви на денгубењето, Биковите не се „претегнуваат“ да го исполнат слободното време со никакви содржини, со цел да се почувствуваат поубаво. Доволно е да имаат убаво уредено дворче или балкон, па со часови можат да уживаат гледајќи во една точка, само во друштво на тивката музика. Сепак, нивната заштитничка Венера, ја нагласува кај Биковите „уметничката жичка“, која многумина ја изразуваат преку пишувањето, пеењето, сликањето, преку одгледувањето цвеќиња или дури преку готвењето. Затоа Бикови, прирачниците за готвење и одгледување цвеќе е литературата на која секогаш и се радувате и навраќате. А, бидејќи Венера е божица и на љубовта и на убавината, идеален подарок за вас би можела да биде и сензуалната, романтична и совршено напишана „Лолита“ на Владимир Набоков.
Близнаци
Брзиот, сестран и бистар ум, како и богатството од асоцијации е тоа што им помага на Близнаците слободното време кога сите спијат и се одмараат да го искористат за подготвување на магистерската работа, докторатот или новата книга. Бидејќи, работите од кои што другите знаци се заморуваат, како што се учењето, читањето и меморирањето, на Близнаците им носат задоволство и поттик. Па Близнаци, бидејќи најчесто имате повеќе таленти и интереси од просечниот човек, но не и повеќе тела да ги остварите сите свои идеи, честопати се чувствувате како заробеници на просторот и времето. А, бидејќи Меркур, вашиот заштитник, гласникот на Боговите, е истовремено слаб кон крадците, ако сте недоволно освестени, би можеле да се задоволите со кратките критики за некоја книга, врз основа на кои ќе ја сфатите содржината и ќе можете да ја критикувате. Ако сте освестени, сигурно сте вистински енциклопедии со доволни познавања од секоја област. Како и да е, Гришамовата книга „Компанија“ ќе ги доведе вашите мозочни вијуги до вжештување.
Рак
Одењето на работа, на училиште, па дури и вечерните излегувања ги заморуваат и ги прават нервозни. Затоа, Раковите се најсреќни кога се враќаат дома. А, страста кон водата ги тера подолго време да поминуваат во своето „мини-море“ како што на галено ја викаат кадата, читајќи. Најмногу ги сакаат книгите и списанијата кои ги опишуваат тешките судбини на малите луѓе, што би можеле и ним да им се случат; биографиите на членовите на кралските семејства, книги со тематика од историјата и традицијата на својот народ; љубовни приказни. Па, длабоко чувствителни, по секоја прочитана книга, вие Раковите не можете со денови да заспиете размислувајќи за судбината на личностите од приказната, обидувајќи се да ја споредите со своите животни ставови и сомнежи. Затоа, најдобра книга подарок за вас би била романтичната и тажна „Смрт во Венеција“ од Томас Ман.
Лав
Иако се трудат да стигнат насекаде каде што нешто значајно се случува, генијални во калкулирањето со времето, на Лавовите им останува доволно време за уживање во литературата. А, нив ги привлекува се. Па, Лавовите ја читаат белетристиката со ист жар како да е напишана од Хесе или Орвел. Всушност Лавови, вие знаете дека прочитаните книги се нешто што ќе ви овозможи да блеснете во друштвото. Затоа, не ви е тешко да ја научите митологијата, да ги прочитате сите бестселери, да се запознаете со делата кои се екранизирани или обработени како театарски претстави. Притоа, не ви е тешко цели дијалози да научите на памет и да ги одглумите пред друштвото подобро од професионалците на кои им е доделена истата улога. Сепак, делото на коешто му „симнувате капа“ е средновековниот крими роман „Името на ружата“ од Умберто Еко.
Девица
Иако Девиците можат да се пофалат со богат, интроспективен и аналитичен ум, заради срамежливоста, тие најчесто молчат и најдобро се изразуваат преку пишаниот збор. А, бидејќи нивниот ум бара постојано да е ангажиран, ако нема конкретен предизвик, тогаш тој до „илјада и едно и назад“ ги преџвакува ситуациите и дијалозите од секојдневието, барајќи „влакно во јајцето“. Затоа Девици, се опуштате читајќи книги со криминална содржина, книги од типот „како да постигнете самодоверба“, „со телепатија до успех“, „моќта на потсвеста“, „здрава храна како лек“. А, бидејќи згора на тоа сте и штедливи, нема да „расфрлате пари“ на разните магазини и списанија, задоволувајќи се со информациите од дневниот весник во кој имате доверба. И дефинитивно, вистински десерт за вас е книгата „Убиството во Ориент експрес“ од Агата Кристи, најпознатата Девица меѓу писателите на крими романи, или „Малиот принц“ од Егзипери.
Вага
Поданици на Венера, покровителката на убавината, љубовта и уметноста, Терезиите длабоко ја доживуваат вибрацијата на секој збор, ја препознаваат нивната естетика и ја почитуваат способноста на оние кои умеат да ја сочуваат хармонијата редејќи ги зборовите во низ, во една реченица. Затоа Ваги, ја сакате поезијата, најчесто и самите ја пишувате; но уживате и во авантуристичките романи кои ги следат доживувањата на младите благородници. Исто така, без размислување ќе го отворите паричникот и кога се во прашање скапите ревии поврзани со изгледот, модата и убавината и редовно ги набавувате таканаречените “водачи” и брошури низ театрите и кината. Сепак, полн погодок за вашиот пребирлив вкус би било некое од делата на поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел или „Портретот на Доријан Греј“ од Оскар Вајлд.
Скорпија
За Скорпиите, годината не се дели на месеци, денови и часови, туку на периоди. Па, заради интензивниот живот што го водат, по активните периоди, Скорпиите имаат потреба од пасивни, во кои собираат сили за нова акција. И токму овие пасивни периоди се исполнети со решавање крстозбори, читање часописи наменети за војската и полицијата, еротска литература. А, бидејќи откривањето на тајните, мистиката и функционирањето на човековата психа ја копкаат љубопитноста на секоја поразвиена Скорпија, вие објаснувањата ги барате во книгите на Скот Пек и Артур Џанов, во езотеријата, во романите на Достоевски, во делата на Зола и Едгар Алан По. Како и да е, ќе бидете сосема задоволни и со книгата на Марио Пузо „Кум”, која отелотворува се во кое верувате: лојалноста кон семејството, таинственоста, опасностите, а најмногу од се одмаздата.