Хороскопот на Маите

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
MAK (19.08 – 25.09)

Главни карактеристики на родените во овој знак се пренагласената индивидуалност и желбата за совршенство. Напредуваат полека, но сигурно. Имаат развиена интуиција и креативна енергија. Нивните планови се темелат на знаење и искуство. Не сакаат да импровизираат. Секоја одлука темелно ја анализираат пред да ја донесат, па кај нив речиси и да не постои ризик од неуспех. Овие личности се истакнуваат со нивните морални квалитети и подготвеноста да помогнат, така што со текот на времето стекнуваат многу пријатели. Може да успеат како уметници. Живеат во хармонија со околината, но ги следат своите инстинкти. Влегуваат во конфликт само доколку почувствуваат опасност. Тогаш се многу опасни противници.

Болдираното е најточно. другото и не баш. Знам и онака да се закарам со некој, за карање наутро сум најрасположена. :giggle
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
SIP (08.02 – 26.02)
Родените во овој знак се тивки, паметни и добри личности. Не размислуваат за себе, туку за другите, посебно за оние кои им се драги и со кои го делат секојдневието. Солидарни се и секогаш подготвени да помогнат. Внимаваат на сопствениот изглед и ретко се изложуваат на ризици. Верни пријатели се. Стапуваат во брак со некој кој ги познава одлично. Во љубовта се верни и искрени. Во младоста знаат да бидат потиштени, а во староста стануваат себични. Не се стремат кон големо богатство, а во душата се скромни и праведни.
(y) Е значи ме опиша ова мене е са незнам како ќе ми биде староста ама во глобала е потполно точно !
 

m.o.p.

Активен Член
14 февруари 2012
348
221
43
33
Чајџилница
XUL (05.04 – 23.04)
Безгрижноста ги следи родените во овој знак во текот на целиот живот. Немирниот дух и желбата за нови познанства и искуства е нивна главна карактеристика. Наклонетоста кон авантури и воени вештини може да им предизвика непотребна опасност. Тие се храбри и ценети борци, посветени и упорни, дисциплинирани и истрајни. Сакаат да бидат во центарот на вниманието и да бидат слободни. Бракот не ги интересира затоа што им ја одзема слободата. Желбата за патување ќе им го исполни животот со многу возбудувања. Тие се добри трговци и мисионери. Повеќе го сакаат духовното, отколку материјалното богатство.
 

Badgirl

Староседелец
4 јануари 2013
1,477
3,258
1,133
29
Najubaviot grad ------> SKOPJE :D
PAX (15.10 – 02.11)

Претставниците на овој знак се праведни, стабилни, авторитативни личности кои сакаат да се истакнуваат. Уште од мали сакаат да бидат независни и самостојни. Често им противречат на родителите. Омилени се во друштвото. Весели се и темпераментни и за секого го кажуваат само најдоброто. Имаат талент за уметност, посебно за музика и сликарство. Но, и покрај тоа може да бидат храбри и успешни војсководци, но и строги и дисциплинирани господари. Свесни се за своите цели и интереси кои, ако не ги реализираат, може да застранат и да отидат во крајност.

(y)
 

Sara.Be

Нов член
15 февруари 2013
13
7
3
Prilep
Моето е исто... WO (20.01 – 07.02)
Смислата на животот за родените во овој знак се слободата и дружењето. Не сакаат да се врзуваат со никого затоа што најмногу ја ценат слободата. Сепак, ретко уживаат во тоа задоволство. Ако успеат да го контролираат ентузијазмот, може да бидат сјајни луѓе, обожавани од другите. Праведни се и немаат влакна на јазикот. Искрени и чесни луѓе. Ги штитат оние кои им се најдраги. Со текот на животот се дистанцираат од другите и се повлекуваат во себе, но им остануваат верни на своите морални начела. Во љубовта се посветени, амбициозни и љубопитни. Подготвени се за компромис, но никогаш не се откажуваат од целта.