Форумски цитати

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
@Хоуп*
"Членство на друг форум после еден на кој си бил долго време е исто како нова врска после старата.
Интересно е, ќе најдеш нови и интересни работи кои си ги немал на старото место, ќе излезеш од монотонијата, од работите што ги знаеш на памет, од се она што ти станало рутина и навика, ќе имаш шанса одново да си дадеш шанса да се прикажеш во вистинско светло и повторно да се забавуваш, но има нешто што те враќа назад.И секогаш ќе те враќа. Колку време ќе треба да помине додека се запознаваш, додека се вклопиш, раскажеш за себе... Нешто што на старото место не мора да го кажуваш. Тука се знае кои се твоите 10 омилени филмови, каква музика сакаш и која си навистина, каква си кога си тажна и што те прави среќна... Некои работи ќе те направат да посакаш да заминеш некаде на подобро, но не можеш зад себе да ги оставиш сите тие спомени кои знаеш дека нема никаде да ти се повторат. И бараш нешто ново и поинтересно, но длабоко во себе знаеш дека никаде нема да го најдеш она што тука го имаш и знаеш дека тука припаѓаш.. И имаш среќа да бидеш на место што има нешто што никое друго место го нема. Душа."
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Марија and Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
(дур пишам сакам да ми брмчи ова дур не завршам)

Thinking and overthinking, разликата е голема. Јас го однесов поимот overthinking на ново ниво, барем така ми вика другар ми, а верувај воопшто не е пријатно да слушнеш дека си го сторил тоа свесно и без моќ за контрола врз истото. Знаеш дека те уништува како личност, знаеш дека не ти дава никаква можност за напредок, знаеш дека постануваш странец т.е. почнуваш да се отуѓуваш дури и од најблиските и сето тоа го гледаш во прво лице исто како некоја видеоигра само што плус го осеќаш тоа на своја кожа. После долго време, откако си „преразмислил“ (не знам како е точниот превод, не ме чуди и да немаме збор) за твоето преразмислување за обични ситници и за големи работи кои никогаш не си тргнал да ги оствариш затоа што до сега си анализирал и мислиш дека не си спремен да превземеш ризик, почнуваш да посакуваш некако да го промениш тоа. И си викаш „Ај ќе пробам со мали работи и мали ризици.“ и пробуваш. Е арно ама кога си таков дури и кога не сакаш анализираш и ризикуваш знаејќи дека ризикот не ти се исплати и го имаш она чувство на празнина во себе затоа што знаеш дека уствари пробуваш да се излажеш себе ама не ти оди. И пак пробуваш и пак истото чувство и пак пробуваш и пак и пак и пак... На крај се откажуваш од можноста дека можеш да го искорениш од себе тоа и си викаш „Шо го eбaм, таков сум и не можам поинаку.“ и почнуваш да приметуваш нус појави од тој неуспешен обид за промена. Од човек кој заприметувал ситници и кој се потпирал на својата меморија речиси цел живот постануваш хендикепиран затоа што ти бегаат детали и почнуваш да не можеш да се сконцентрираш доволно добро за да запамтиш некои работи кои ти се случуваат. Меморијата ти станува толку селективна што почнуваш да обрнуваш внимание и да памтиш детали само околу настани кои што претходно ти биле цел на „анализа“ и поради кои си губел време размислувајќи. И врв на се` доаѓа кога доаѓаш дома и грабнуваш инструмент, гасиш светла и било какви вознемирувачки уреди кои завршуваат на -фон и пробуваш да си го отсвириш болот кој те гриза ама не можеш да го довршиш тоа што си го почнал затоа што пак самиот се кочиш со размислување околу тоа што го свириш и зошто си го отсвирил баш така кога си можел поинаку. Откачуваш каишот, гасиш појачало, гризаш металната трзалица зашто си гневен на својот мозок и наредни месец дена освен вежбање скали ништо друго не чепкаш. И така на крај завршуваш со чувство како да си во некој многу длабок бунар среде врнежлива ноќ, колку повеќе размислуваш за некоја работа толку повеќе почнува да врне и бунарот е се` подлабок и подлабок и таму сфаќаш дека никој не може да ти помогне сем самиот да најдеш начин да го отфрлиш тоа од себе.

Мислев ќе ми олесне ако напишам, ама лажат маме им нивно... сеа ми е уште потешко оти размислувам дали да го испратам постот. Ај нека е.
I`ll just leave this right here...
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Сега кога сум ослободена од отвори, од нивното штетно дејство и кога немам намера повторно да се вратам на зависноста, имам храброст да ја изнесам мојата сторија и преку неа да ја отркијам причината - зошто?

Пред да се одлучам да посегнам прв пат по алкохол живеев навидум нормален живот, правев се што едно 16 годишно девојче може да прави и е во границите на општествено прифатеното однесување. Велам навидум затоа што јас функционирав како таква, но не бев ни од далеку таа, во себе бев потиштена, неослободена, бев потисната, чуствуав како да сум програмирана машина и дека не можам да живеам без некој да ми издава наредби, бев слабак, не знаев да се борам, слушав и правев се што другите ќе ми кажеа, многу ме интересираше нивното мислење и да ги задоволам барањата на сите, патев за внимание, почит, обожавав кога некој ми се восхитуваше, тоа што го барав беше да бидам забележана, да бидам посочена, јас да сум таа која ќе биде пример како некој треба да се однесува, уживав во пофалбите на другите кои како такви ништо не ми значеа, затоа што тоа што го постигнував не бев воопшто јас. Живеев базирана на туѓа замисла како би требало да изгледа мојот живот, бев размазена, не прифаќав пораз, неможев да се помирам со фактот некој да ме одбие и прикриено се мачев со негативниот одговор и барав злобни начини како да го постигнам посакуваното. Тие скриени намери, не искажаните чувства, мојата тврдоглавост, наивност, мојот слаб карактер, одбивањето искрено да комуницирам и неспособноста да се соочувам со вистината ме доведоа до работ на пропаста.

Јас постојано зависев од некој друг, за секоја моја одлука, план, идеја, за се што правев јас мораше да побарам совет и мислење од некого, затоа што неможев сама да донесувам одлуки, знаев што сакам, но не бев сигурна во себе, се плашев да не погрешам или пак да не загубам. Ме фаќаше паника дека нема да можам да го издржам поразот и да продолжам да се борам понатака, и секогаш кога ќе загубев, ги критикував тие што ме советувале-така ги изгубив другарките, за моите неуспеси ги обвинував другите, се повлекував во себе, наоѓав друштво пред кое вешто го криев мојот проблем и со нив пиев. Така си ги лечев раните, така бегав од реалноста, тоа ми беше начинот да излезам од цела низа порази и да бидам таа која ја сметаат за шампион зошто највеќе испила. И секој пат се повеќе и повеќе, никој не ја знаеше вистинската причина зошто јас пијам, полесно ми беше да ги оставам на страна сите пропаѓања и да се насочам кон алкохолот кој ми помагаше побрзо и полесно да ги надминам падовите. Бегањето од секојдневието преку алкохолот ми стана навика, бев се помалце одговорна, се повеќе ги заоставував обрвските, веќе не ми беше воопшто важно дали некој ме фали или критикува, јас пиев и се поминуваше. Ми се чинеше дека алкохолот ми помага во се, па затоа, пиев за да играм во дискотека, пиев за да разговарам со дечко, пиев кога бев тажна, пиев кога се веселев, пиев пред испит, пиев на работа, пиев дома, едноствно секогаш пиев. Дојде момент кога алкохолот не го постигнуваше ефектот повеќе, почнав да имам вистински проблеми заради мојата неодговорност и повлекувањето, за кои требаше да застанам цврсто на нозе и да ги справам. Но, кој да го направи тоа? Јас ли? Јас не можам да се одлучам дали повеќе сакам сладолед од чоколада или ванила, бев неспособна здраво да размислувам и дејствувам, бев исплашена, немоќна, се чуствував како да сум изгубена, како се да е премногу за мене, неправедно ги обвинував луѓето дека ми дале премногу обврски и пред нив глумев жртва, сега не сакав да ми се восхитуваат, туку да ме сожалуваат. Можеби и навистина луѓето гледаа кон мене како кон некој кој ми треба милостина. Тогаш кога ми се чинеше дека нема друг излез и јас не можам да функционирам нормално во општеството, кога бев тотално скршена, во моментот кога се чуствував како да сум затворена во картонска кутија и дишам само преку мали дупчиња, во моментот кога секој предизвик ми беше премногу, кога не можев да поткренам иницијатива за ништо, кога бев роб на својот живот, јас посегнав по дрога.

Чуството беше феноменално, се ослободив од се што ми стоеше на патот, бев среќна и задоволна со тоа што сум, не ми требаше никој за да опстанам, тогаш можев се да решам сама, бев целосно независна, се чуствуав возвишено, дрогата ми даваше се што сакам јас да имам и ми се чинеше дека ми помага да ги решам проблемите. Секој пат одново и одново, кога не можев нешто да соочам земав дрога, кога ќе се разбудев наредното утро и ќе видев дека сум во полоша ситуација од претходно, повторно земав дрога. Овај пат нешто беше различно, јас навистина имав проблем, почнав да лажам и крадам, станав манипулатор, станав личност која гледа само некој да искористи, правев работи за кои не сум ни замислувала дека некогаш би ги направила. Се гадев од помислата што правам, сакав да се запрам, да не лажам повеќе, некој да ме сопре, да ме посочи, но бев зависна. Уништив се, не бев во комуникација со семејството, мојата врска се распаѓаше, моите другари и другарки ме избегнуваа, факултетот го запуштив, ја изгубив работата, бегав од дома. Бев наполно свесна за тоа што се случува околу мене, но воопшто не ми беше грижа, знаев дека јас сум причината за распаѓањето, но единствено важно ми беше да земам дрога, таа ми ја враќаше силата, сега мислев дека можам да дејствувам без други да ми наметнуваат мислеша, а дејствував само кога бев под контрола на дрогата, таа управуваше со мене, нејзе и бев потчинета. Покрај овие проблеми, ми се јавија и здравствени проблеми, за кои немав објаснување пред мајками и неа ја натераа да отркие што е причината, а јас потсвесно не можев да живеам со хаосот што го предизвикав и продолжував да земам дрога за да се уништам. Дојде момент кога веќе една недела не можев да се снајдам за дрога и морав да го објаснам моето чудно однесување, тогаш на настојување на мајками и признав дека сум земала дрога и поради што веќе не можев да го носам сиот товар одлучив да пристапам кон лекување. Силно верував во тоа дека човек може да се смени и дека психијатарот ќе ми помогне да се симнам од дрогите, го гледав како светла точка, како зрно надеж, како правец кон иднината, бев среќна што веќе не ја кријам зависноста и што од денес па натаму се ќе се смени кон подобро, се радував како дете што ќе можам да ја променам несаканата ситуација, но за жал му верував на погрешен човек. Со апчињата што ми ги даде не се подобри ништо, напротив работите се влошија, и додека јас мислев дека таа светлина на крајот на тунелот е излез, тоа беше воз кој со сета брзина удри во мене. Јас буквално се распаѓав, моето движење беше забавено, моите акции се помали и помали, од здрава личност станав пациент кој мора да е под постојан надзор, затоа што бев непредвидлива, психијатарот кажа дека јас морам да ги примам лекарстава за да бидам подобро, јас слепо му верував, а тие ме упропастија уште повеќе. Ми беше тешко да ги извршувам секојдневните обврски, дури и ми беше тешко да водам лична хигиена, тотално се одалечив од фамилијата, пријателите и партнерот, работата што ја најдов беше преголема обврска за мене, не можев да стигнам на време на работа и да работам коректно, постојано грешев, вниманието не ми беше таму. Се помалце и помалце се ангажирав, и дојдов до период кога ми беше тешко да се разбудам од сабајле и да го почнам работниот ден, а единствено движење во кое што бев вклучена беше одењето на работа. Притоа станав премногу агресивна, не сакав да соработувам со никого, бев длабоко затворена во себе и психички страдав, луѓето беа мои непријатели, ги мразев сите, се мразев и себеси. Кога почнав физички да ги напраѓам моите дома, сфатија дека кај мене ништо не е подобрено и побараа помош на друго место. Јас се сложив да се рехабилитирам, затоа што чуството што го имав во мене ме убиваше, телото ми беше живо, но душата полумртва, секоја вечер се надевав дека нема да го дочекам наредното утро, затоа што не можев да ги издржам веќе истите и истите несреќи да ми се случуваат одново и одново.

Воопшто не верував дека тој центар (не се работи за метадонски центар, психијатриска установа или манастир) и луѓето вработени во него ќе ми помогнат јас да ја откачам мојата зависност. Кај мене постоеше само силна желба да живеам нормален живот, но не постоеше ни ронка надеж дека ќе успеам, бидејќи бев премногу излажана за да верувам уште еднаш дека некој ќе ми помогне. Единственото нешто што ме натера да пристапам кон програмата за рехабилитација беше фактот дека вработените таму биле зависници од дрога, а сега живеат сосема нормален живот. Видов дека се се одвива нормално и одлучив да останам, па макар и цел живот да го поминам таму. Во центарот не се користат никакви лекарства, дрога или алкохол, се се сведуваше на тоа јас да се чуствувам подобро и физички и ментално. За прв пат во животот видов дека јас, мојата одлука, моето мислење, мојот став, моите верувања и убедувања за животот вредат нешто. Кога ги направив лекарските испитувања и немаше сериозни оштетувања на органите или некоја болест од конзумирањето на дрогата, бев пресреќна, предуслов за да можам да ја направам програмата за рехабилитација беше да бидам здрава. Се радував што земањето дрога не му наштетило многу на моето тело и што можам да направам нешто во врска со зависноста, што и покрај се јас би можела да успеам. Во центарот имаше деца кои користеле различни дроги, кај некој одеше побрзо рехабилитацијата, кај некој побавно, некој нажалост немаа ни можност да пробаат да се рехабилитираат затоа што веќе сериозно си ги оштетиле органите, некој од конзумирање на дрога и алкохол имаа нарушувања на умот, штетата беше преголема и не можеше да се поправи. Јас од тотално неорганизирана личност, имав свој распоред кој секојдневно го следев и се придржував до него. Почнав повеќе да комуницирам со луѓето, станав по отворена, се дружев со децата и вработените во центарот, заедно спортувавме, заедно учевме, заедно работевме. Јас станав по одговорна личност и во тоа не можев да си поверувам. Има посебен процес на исфрлување на токсините од телото и со тоа се ослободив од штетните ефекти кои ги предизвикуваа заглавените токсини, потоа работев на менталниот дел каде што јас моето внимание кое беше заглавено во лошите случки од минатото кога земав дрога го насочив кон моменталната околина, сегашниот живот и тоа што се одвива во овој момент околу мене. Добив информации како да се заштитам за во иднина од луѓето кои првично ме навеле на дрога, јас го подобрив моето дејствување, го зацврстив односот со фамилијата и пријателите, ја обновив врската и го сечам секој кој што сака да ми застане на патот кон успехот, кај мене нема назад, нема каење, нема повлекување. Научив да дејствувам без надмоќен авторитет, научив да го ценам туѓото мислење, но не и да ја засновам одлуката базирана на туѓ суд, научив како да се носам со предизвиците во животот, како да се спротиставам без да креирам антагонизам, научив да се вреднувам себеси, научив да се грижам за себе, да си го сакам своето тело и својот живот. Од децата што доаѓаа тука и оние кои беа тука постојано научив никогаш да не си правам компромис со реалноста, ги гледав оние кои мислеа дека само со завршувањето на рехабилитацијата ќе можат да живеат слободни, а притоа продолжиле да ги прават истите грешки како и во минатото и пак се враќаа на дрога. Во мојот период поминат во центарот не видов се, но видов доволно за да учам од туѓите грешки, поминав доста за да внимавам на секој чекор што го правам, да го простудирам секој човек што ми приоѓа и да ја преиспитам сечија намера, зошто под маската на добрите зборови и насмевката можеби се крие личност која сака да ти наштети и да те уништи. Светот не е розов, некои луѓе се ситат на туѓата несреќа, некои луѓе не сакаат да бидат добри, тие уживаат уништувајќи ги другите и додека ти си среќен и мислиш дека си заштитен, тој прави планови за твоја ликвидација. Јас драстично се променав, ги осеќам тие промени кај себе за прв пат се гледам себеси во свое вистински светло и сум задоволна, промените се чуствуваат во физичкиот универзум, не се само празни зборови и ветувања, тие се вистински продукти, јас творам, јас креирам, јас создавам, јас сум причина за движењето на честичките во воздухот, јас со моите идеи, јас сум борец, јас сум креатор, јас сум способна личност да се справува со препреките и да ги прифака предизвиците, јас сум јас. Јас сум таа што отсекогаш сакав да бидам и покрај тоа сум храбра, женствена, отворена, искрена, чесна, поштена, фер и лојална, јас сум личност која зрачи со позитивна енергија, јас живеам. Сето тоа го гледам во она што го правам, самостојна сум во решенијата и независна во одлуките, знам што и исправно, а што погрешно, знам како да ги вреднувам луѓето, знам кој ми се пријатели, знам како да ја смирам ситуацијата, знам како да разговарам со луѓето, знам кој е вистинскиот пат кон среќата.

Овие успеси ги постигнав сама, но со безусловна помош на луѓето во центарот, јас не се плашам да кажам дека сум била зависна од дрога и дека сум се симнала од таа зависност. Сега живеам живот целосно ослободена од дроги и алкохол и сум многу посреќна од што претходно бев, таа среќа сега е трајна и вистинска. Сега можам да ја прифатам реалноста и да ги справувам проблемите во животот и уживам во тоа. Моето внимание е насочено кон она што го правам во моментот и ниеден пораз не може да ме скрши, туку ми дава мотив повторно да се борам и да победам! Затоа што јас го победив најстрашното во мене, јас победив против самата себе!
Секој човек доколку сака ќе се промени кон подобро, само зависи колку може да издржи, јас издржав, можеш и ти.

Животот не е песна, тежок е онолку колку сам ќе го предизвикаш тоа, биди морален и етичен, држи се до свои принципи, решавај ги проблемите на време, преземај иницијатива, грижи се за себе и твоите блиски, гледај како би можел да им помогнеш на луѓето, биди искрен во намерите и истраен во целите и твојот успех е загарантиран.
Можеби периодот кога земав дрога е најтешкиот период во мојот живот, но среќна сум што од тоа извлеков голема поука, мило ми е што сум здрава и што сеуште можам да живеам, благодарна сум на моите блиски што во ниеден момент не се откажаа од мене и што сеуште се тука за мене, и што сега после рехабилитацијата можам да живеам посреќен и послободен живот и секако drug free живот.
Пост на годината, ако не и најпост од кога е создаден форумов. Но и многу повеќе од тоа... Храброста, смелоста, не само да се напише ова, туку и лошата ситуација да се промени во добра.
Без разлика дали некој пие, зема дрога или сл., ова треба да ни биде поука. Некои не можат да го "преживеат" разводот, па ова нека им биде поттик и мотивација.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheCat and lina.l

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Секоја чест за пишаново лејди,заслужува да стои тука.
Ниκогаш до денес не сум ρазмислувала κолκу боли забоρавот. Оној мал момент κога се освестуваш и сфаќаш деκа одρедени личности веќе не се во пρиκазната. Ти се отκинува делче, знаеш? Делче κое одамна било потκинато, ама си вρтел глава не мислејќи, не саκајќи да го доκинеш. Κаκо κонче од маичκа. Κаκо паρче тκаенина од тебе. Κаκо стаρа омилена маичκа κоја после години сфаќаш κолκу остаρела и деκа е залудно да ја носиш. Боли да ти доаѓаат топлини и да саκаш да се намсевнеш κога му ја осеќаш онаа тρошκа пρисуство, а во исто вρеме боли затоа што си свесна деκа се што имаш со години е неговото отсуство.