Посакувам љубовта да завладее во човечките срца,да престане омразата,завидливоста егоизмост.
Да се врати респектот како спрема другите така и пред себе си.
Посакувам да престанат луѓето со уништуванње на природата,посебно на дрвата кои се толку прекрасни..
Посакувам да престанат религиозните војни,секако се водат залудно,
Бог е еден единствен дали се вика Алах,Бог,Кришна,Јехова,има само различни имиња во различни култури...
Посакувам да сфатат сите дека секој е посебен на свој начин,дека секој е овде со некаква цел...
Посакувам многу паркови со многу видови на цвеќе,и дрвја,
а помалку фабрики..
Посакувам чисти мориња и океани,
а помалку танкери со нафта која заради несреќа се излива во морињата
посакувам чисти зелени реки,без излев на канализации во нив..
Посакувам децата да бидат деца,а не возрасни деца..
Посакувам да изчезне брзата храна,и да се готват рецептите на баба..
Посакувам секогаш да живеам во моментот,без да размислувам на вчера и на утре..
Посакувам да ја најдам тајната на своето постоење,и да ја исполнам целта за која сум овде..
Посакувам мојот остаток од егоизмост да го претворам во птица која ќе ја пуштам да лета,во слободата далеку од мене..
Посакувам секој ден да се будам задоволна и среќна што сум сеуште тука,
што го имам она што го имам,не повеќе и не помалку...
И сакам да се пронајдам себе и Богот во мене во ова сивило,лудило, во оваа џунгла од бетон,во овој хаос од интриги,завист
и материјализам...да ја најдам бескрајната совршена љубов во себе и да му ја поклонам на секој кој го сретнам...
Посакувам да постои вирус кој се вика љубов,внатрешен мир,надеж,оптимизам,верба и со кој секое суштество на оваа планета и овој универзум ќе биде заразено..
Посакувам да ми се оствари ова што секогаш го посакувам,а не е малку
и се надевам дека твојата фонатана ќе ми оствари барем еден дел од оваа желба која наликува од мозаик на желби,а всушност е една целина...