Фитнес дневник

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Само што се враќем од тренинг и ај да го забележам тоа во дневников.
Во секој случај на сред тренинг ми се избаци мисла во главава:
Гладна сум,ништо не сум јадела цел ден!
И ај опушти се и тренирај кога си гладен.Нема шанси.
Така за останатиот пола саат од тренингот фино си испланирав што и од каде ќе си купам за јадење.
Во продавница наполнив цела кеса со слатки и малку овошје и три патлиџани.За сендвичите да не бидат суви.
Калориите што ги потрошив на тренинг ги надокнадив пред малку и ок си е така.

Пс.Бадеми обвиткани со темно чоколадо имаат неодолив вкус.
Онака за инфо само.:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Последниве два - три месеци нонстоп со вакви Challenges. Ако продолжам вака, до Нова Година ќе ја постигнам својата цел! :)

1236727_389964687792103_830896597_n.jpgjedi may the force be with you.jpg
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
3 години одам на тренинг во фитнес студио,
не успеав да симнам ни кило(додуша не ни сакав),
за месец дена турбо живот(работа,обврски и сл.)
сум симнала 3кг.
Исхрана=1 дневно + мн.течност+малку овошје.
Наместо доручек кафе,наместо ручек кафе со вкус на ванила.
Навечер нешто на набрзина,тренинг и пак истото.
Време дојде да се промени начинот на исхрана.
3 кг за месец дена е многу,бар за мене.
59 кг на 1.70 е оптимално чинам,така да ќе се потрудам да ги задржам.

Пс.Страничните перничиња ги нема сега :D
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Јас па последниот период помалку вежбам заради обврски, и ослабнав скрос.
Како да се здебелам малку не знам (facepalm)
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Полека,ама сигурно успевам да ја променам исхраната.
Наместо кафе пијам јогурт со некаков овошен вкус.
Кафето го смалив на една шоља насабајле.
Редовна исхрана,што значи
доручек нешто здраво(овошје или мусли)
ручек со многу витамини+салата,
вечера некој лесен зеленчук.
Многу вода 3-4 литри на ден.
Тренингот останува.
Трчање,јога и различни вежби за затегнување на телото во студио.
Имам воспаление на мускулите не можам да мрднам,но некако ми се допаѓа таа болка.
Значи,се случува нешто со телото и тренингот бил интензивен и ефикасен.
Можам да кажам дека целиот тој труд се исплати,гледам како одредени групи на мускули(посебно сикс пекот на стомакот фино се оцртува)
и телото добива убава форма :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Ај ти наминав пак.
Местото каде што вежбам го ограничија вежбањето само од понеделник до четврток.Што значи,одам само три дена неделно.Не сум задоволна ама подобро толку отколку ич.
Нејкам на друго место,само таму ги има трите работи на едно место.Фитнес,спа и базен.
Помалку вежбам и временски.Некако со сила овој месец.
Не дека немам желба и потреба,едноставно сум исцрпена од обврски,неможам да постигнам.
Станав зависна од овие пакет три заедно,пред се духовно.
Ќе паузирам за празниците и после божик здравје пак.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Денес за прв пат бев на кик бокс.Онака си реков ај да испробам може ќе го исфрлам целиот бес што го имам во себе насобрано деновиве на работа.
Саат и пол траеше тренингот.Цркнав,на пола сакав да си одам,но издржав некако.
Мислам утре нема да можам да мрднам.
Чинам ги активирав сите хормони кои предизвикуваат среќа.
Ендорфини,норадреналини,серотини,допамини и што имаше уште не ми текиње.
Можам само да препорачам да се испроба.Се троши неверојатно многу енергија,телото енормно троши течности(се поти)и целата концентрација е вперена во ударите.
Добро е за задникот(squats)
како и обликување на нозете и рацете,а и за исфрлање на бесот :D
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Ми фали добро воспалување на мускулите.Утре на bodystyling во фитнес студио ќе го добијам.
И после тоа добри 20мин.во сауна.
Обожавам викенди исполнети со
спортски активности.