Valkyrie
http://www.imdb.com/title/tt0985699/
Еден од неколкуте неуспешни обиди на германците да го убијат Хитлер. Том Круз во улога на главниот иницијатор и мозокот на операцијата, т.е напатен војник кој губејќи ја раката и окото за време на војната, решава дека Хитлер е чисто зло, чудовиште и непријател на татковината кој не заслужува да живее и мудро успева да се провне во големото друштво со цел да си ја оствари замислата и да го избрише Хитлер од листата на живите.
Го најдов филмов на ЦД и врска немав што е од кој е и што се работи, па си го пуштив и изненадување Том Круз
![Зелен :zelen :zelen](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Да знаев ќе го искршев ЦДто.. Се зезам, иако не го сакам баш (ма ич не го сакам) човеков, ама баш му легнала улогава. Може зошто имаше некој хендикеп ликот што го глумеше и некако ја тргнав таа одвратност што ја осеќам за него и сочуствував со ликот што го глумеше, пошто се работи и за вистинска приказна, па дури и ми се допадна навистина.
Интересен, тензичен филм, јас ги сакам филмовите за втората светска војна па сакам да ги изгледам сите такви, па сакал и Латас да глуми во некој, ни еден не оставам неизгледан. Таман си е оцената од 7, може минимално нешто повеќе од мене.