Да се приклучам во муабетов. Фан сум огромеееееен на Јунајтед.
Сезонава јесте почна катастрофално ама јунајтед не е јунајтед ако не се издигне од падот уште посилен. Мислам дека некои од играчите треба малку да се спуштат на земја , и да почнат да играат. Руни ме разочара , Велбек ме разочара(очекувано) , Нани има потенцијал што за жал не го користи и тоа ќе го кошта. Керик не ме разочара, сепак не играше на своја позиција и нормално слаба одбрана од негова страна. Од Кагава очекував повеќе , ама па и не му замерам затоа што немаше со кого да изигра акција. На Де геа и на Видиќ им спуштам капа за прошлата утакмица и мислам дека заради нив не прими Јунајтед повеќе голови. Се надевам дека ќе им удри овој бесмислен пораз во глава и од сабота па натаму да го гледам Јунајтед само во победи како што сум навикната.