Уметност

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Што е тоа уметност?

Од филозофска, естетска и социолошка страна, постојат многу одговори на ова прашање, но сепак не може да се даде една единствена конкретна дефиниција. Што претставува за вас уметност? Кога и зошто настанала? Дали постои убава и грда уметност, или пак, станува збор за вкус и начин на изразување? Се што ве интересира за уметноста, може да прашате и да дебатирате тука.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Јас ја сметам уметноста како производ на умешноста на изразување пропратен од чиста фантазија. Но притоа умешноста е исто толку битна како и фантазијата која дава идеи за творење.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Дефинитивно најпотребната тема на форумов во вистински момент.
Јас се сметам за недоволно едуцирана на полето уметност и никогаш не ми е доста од било што и да треба да се надоградам.
За мене не постои грда уметност,туку вкус и начин на изразување.
Има безброј вкусови а исто и толку начини за изразување.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Дали тоа значи дека уметноста е наука за убавината? Дали постои некое посебно чувство на задоволство и естетиката треба да се занимава со убавината во уметноста и природата?
И зошто човекот (уште во праисторијата) имал потреба да создава уметност?
 

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
^
Мое мислење е дека уметноста е „наука“ за создавањето/творењето. :)
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Уметноста е стил на живеење, стил на изразување, стил на зборување, стил на одење , уметноста е навистина се околу нас. И додека молчиме сами измеѓу 4 ѕида, ние создаваме, твориме.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Уметноста е стил на живеење, стил на изразување, стил на зборување, стил на одење , уметноста е навистина се околу нас. И додека молчиме сами измеѓу 4 ѕида, ние создаваме, твориме.

Сакаш да кажеш дека производството (било какво и да е), е уметност?
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Сакаш да кажеш дека производството (било какво и да е), е уметност?

Не, зборував за човекот, за она што тој го претставува според мене е уметност. Не за тетрапак млеко, или тутку чоколатца. На тоа не сум размислила:):)
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Според мене не е уметност само уметничка слика., или некој производ од рацете на школован и признат уметник, таа е нешто подлабоко, и поопширно. Нема дефиниција, и нема еден факт. Секој може да си ја свати како сака.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo